Премиерот Зоран Заев во вечерашната емисијата Трилинг на ТВ 24 говореше за проблемот со вакцинит. Заев вели дека ние се држиме до западниот свет и дефинитивно граѓаните биле информирани за се.
„Свесни сме дека не се исполнија очекувањата на произведени количини на „Фајзер“ и земјите кои во просек требаше да добијат 100 единици, добија 12-13 единици во првиот турнус, а во вториот исто така беа намалени количините. Разбирливо ми е зошто премиерите и претседателите на државите не можат да споделат од тие мали количини, односно 5%. Во февруари ќе ги очекуваме директните наши количини од оние што ни се договорени со „Фајзер“, рече премиерот Заев.
Премиерот рече дека е во контакт со српската премирка Брнабиќ и претседателот Вучиќ и тие имаат на располагање 8000 вакцини да ги дадат за нас за да може да се почне со вакцинацијата. Заев потенцираше дека првпат во секоја земја мора да влезе вакцината и да се регистрира, а не обратно.
„Верувам дека овие денови ќе стигнат првите 2-3000 количини од српските вакцини од „Фајзер“ кои дефинитивно се усогласени и договорени.“ – изјави Заев.