• Latest

Заев до ЕУ: Променете го начинот на носење одлуки, европската идеја не смее да биде уценета од национализмот

April 27, 2022

Електронскиот попис како поле на судир меѓу политичките партии и етничките заедници

June 30, 2025

Исчезнати лица за време на војната во БиХ: Судбината на околу 7.600 жртви сè уште е непозната

June 30, 2025

24 ЧАСА: Пуштена во употреба делницата Фариш-Дреново, дел од Коридор10д; Русија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО, смета Орданоски; Иран има капацитет за производство на збогатен ураниум

June 30, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Непопуларноста на Елон Маск достигна рекордно ниво по „раскинувањето“ со Трамп

June 30, 2025
Фото: Скриншот од вифро на CNBC Television

Ворен Бафет донираше рекордни 6 милијарди долари акции од Беркшир на добротворни организации

June 30, 2025

Евробарометар: Над 81 отсто од Европејците поддржуваат постигнување климатска неутралност во ЕУ до 2050 година

June 30, 2025
Фото: Андриј Сибиха / Х

Сибиха до словачкиот колега Бланар: Русија ќе те удри и по другиот образ

June 30, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

June 30, 2025

„Безбедно во лето – вози одморен“, превентивна кампања на МВР и РСБСП

June 30, 2025
Сашо Орданоски
Фотографија: Роберт Атанасовски/ЦИВИЛ

Сашо Орданоски за ЦИВИЛ: И годинава не е на повидок завршување на војната во Украина, а Русија во наредната деценија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО

June 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев до ЕУ: Променете го начинот на носење одлуки, европската идеја не смее да биде уценета од национализмот

April 27, 2022 19:27
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

 Ја прашувам ЕУ од мојата европска Струмица, која се граничи со Грција и Бугарија, дали ваквиот начин на одлучување во Унијата, при што една земја членка блокира цел регион од крајно ирационални и националистички причини е механизам со кој се развива европската идеја. Ако не, а знам дека не е, тогаш променете го начинот на носењето на одлуките. ЕУ мора да дејствува во сопствена корист, во корист на европската идеја, која по дефиниција е либерална, отворена, широка. Европската идеја не смее да остане уценета од национализмот, не смее да дозволи национализмот да става вето врз слободата, порача поранешниот премиер Зоран Заев од конференцијата во Струмица насловена „Суверенитот и Европа“ што ја организираше Француската амбасада, пренесува МИА.

Тој смета дека руската агресија врз Украина е причината зошто ЕУ мора да ги реши сите отворени прашања во регионот, особено нашето, македонско прашање. Како што рече, не постои оправдување за ниту една цивилна жртва во Украина, не постои оправдување за украинските деца, кои со огромна грижа бараат безбеден дом насекаде низ Европа, а нема да постои оправдување и доколку падне проектил врз спомен куќата на Крсте Петков Мисирков во Одеса

Според него, ова е време кога лидерите на ЕУ треба да се одважат по овие прашања и да преземат политичко лидерство, онака како што го правеле тоа оновачите на ЕУ.

-Треба да ни е јасно на сите доколку основачите на ЕУ калкулираа со сопствениоте рејтинзи во тоа време, тогаш ЕУ немаше ни да се создаде. Политичката храброст вреди, таа е носител на промените. Договорот од Преспа е доказ дека политичката храброст вреди, потенцираше екс премиерот Заев.

Се осврна и на руско-украинската криза и притоа рече дека ЕУ треба да знае дека на православното население од Балканот не му е лесно да застане наспроти православниот руски народ.

-Но, нашите народи се мудри, ние не застануваме наспроти рускиот народ, туку застануваат наспроти воената агресија на Путин врз суверенитетот на пријателска Украина. Северна Македонија направи многу за себе, но и многу за Европа. На Балканот и Европа им дадовме модели, цели, примери и успеси. Договорот од Преспа е нашиот влог во иднината на Европа. Ние сме подготвени да слушнеме, да прочитаме и да видиме и подобри примери од нашиот. Во меѓувреме, ја повикуваме Европа да го следи нашиот пример, подвлече Заев.

Во пресрет на Денот на Европа и Денот на победата против фашизмот-9 Мај, рече дека тој ден може да биде употребен за пропаганда.

-Бидете уверени дека 9 Мај годинава ќе биде употребен за пропаганда. Апелирам сите ние, секој од нас, да се држиме цврсто до нашите европски постулати. 9 Мај е нашата црвена слободарска база. На 9 мај Европа го порази фашизмот, на 9 мај, годинава, да останеме со кренати глави да не дозволиме агресијата да ни го земе 9 мај. ЕУ денес мора да направи храбри чекори, повика поранешниот претседател на Владата на Република Северна Македонија од Струмица.

Амбасадорот на Франција во нашата држава, Сирил Бомгартнер, се осврна на спроведувањето на санкциите од ЕУ кон Русија, но и нивното влијание врз земјите кои ги спроведуваат санкциите.

-Има и едно друго прашање во однос со недиректното интервенирање на европејците и целиот западен свет во украинскиот „театар“ и мислам дека сите знаат доколку одлучиме да го преземеме тој чекор ќе се најдеме во нешто што ќе биде многу поразорувачко од тоа што е денес. И затоа, прашањето воопштио не е едноставно, рече францускиот амбасадор.

Информираше дека помошта за Украина досега е над 1,5 милијарди евра, а петте милиони бегалци од Украина се во Европа и таа им помага.

Во однос на отворањето на пристапните преговори Бомгартнер смета дека сите се посветени на нивно што побрзо почнување, но за францското претседателство со ЕУ важни се и други прашања и затоа одлучиле да организираат повеќе конференции како денешната, која се одржува во Струмица, надвор од главниот град.

Професорот Никола Дујовски, декан на Факултетот за безбедност-Скопје, во своето обраќање истакна дека е потребен нов европски пристап и оти сега е време кога лажните вести доминираат над вистината.

-Северна Македонија е членка на НАТО и затоа сега многу помирно разговараме за овие прашања. Сега многу потрезвено ги прифаќаме информациите кои доаѓаат од Украина затоа што сме безбедни. Со нашите партнери разменуваме информации кои многу значат за сите безбедносни органи и можеме бргу да превенираме каква било дестабилизација. Ако не беше членството во НАТО ќе зборувавме на многу поинаков начин, ќе зборувавме од многу поинаков аспект, ќе се грижевме за нашите потреби за евроинтеграции, меѓутоа ќе зборувавме за земја која на некој начин е сама и заканите за нашата безбедност ќе беа многу поразлични, смета професорот Дујовски.

На денешниот настан во Струмица говореа и Ив Бертончини, претседател на Европското движење во Франција, Милева Ѓуровска од Европското движење во Северна Македонија и Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика – Скопје, а присутните ги поздрави и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ