• Latest

Заев: Доцниме со реформите во образованието, но нема ни да избрзуваме

February 5, 2021

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Доцниме со реформите во образованието, но нема ни да избрзуваме

February 5, 2021 14:40
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Целта на реформата е да го осовремениме нашето образование со нов модел на наставата кој е инспириран од образовните системи на развиени земји во Европа и светот, но имајќи предвид нашите автентични општествено-економски состојби и заедно со светските искуства да создадеме национален, македонски модел на основното образование, рече премиерот Зоран Заев во обраќањето со кое почна јавната собраниска расправа за Нацрт-концепцијата за основно образование.

Треба да се имаат предвид, рече, инклузивноста, еднаквоста, родовата рамноправност и мултикултурализмот и други аспекти на нашиот концепт „Едно општество за сите“.

„Овие денови се слушаат гласови дека брзаме со образовната реформа. Моето мислење е спротивно – ние доцниме со реформите во образованието. Тие требаше да се случат пред десетина години зашто како неопходност ги наметнуваше исклучително брзиот развој во сите општествени сфери кои бараат образование во чекор со динамичните и прогресивните промени. Кога велам доцниме, истовремено велам дека и нема да избрзаме. Ќе работиме на тоа да дизајнираме најсоодветна образовна реформа, која е во најдобар интерес за децата. Со таков иновативен и применлив образовен модел, да му овозможиме на секое дете преку образованието да го постигне својот максимален потенцијал. Затоа, првпат во последната деценија во нашата држава, се прават реформи на транспарентен начин и вклученост на сите страни, а во најдобар интерес на учениците“, истакна Заев, додавајќи дека досегашните консултативни дебати и оваа јавна расправа ќе помогнат да се расчистат и некои дезинформации во однос на првичниот нацрт на концепцијата.

На пример, рече, со презентацијата на нацрт-концепцијата јасно се покажува дека со предметот Општествени науки не се укинува предметот Историја или други предмети, туку содржините од нив се предвидуваат да станат задолжителен дел од новата наставна програма. Не се предвидува ниту намалување на наставници по Историја, Географија и Граѓанско образование, туку продолжуваат, рече, заедно да ја планираат наставата со цел учениците да добијат најдобро можно знаење на најефикасен начин.

Додаде дека концепцијата им овозможува и кариерен развој на наставниците и дека се темели на анализа од експерти и меѓународни институции и дека е дел од Стратегијата за образование 2017-2025 и е предвидена со Законот за основно образование донесен минатата година.

Министерката Мила Царовска во обраќањето истакна дека реформите во образованието се нужни, зашто се во интерес на сите деца во државата, и овој процес не смее да запре зашто секоја учебна година нашите деца, како што рече, учат од неквалитетни учебници, следејќи несоодветна програма, а тоа нанесува огромни штети на младите генерации.

„Сите истражувања потврдуваат дека нашите деца не се стекнуваат со потребните вештини и не можат да го развијат својот полн потенцијал поради лошиот образовен систем. Според ОЕЦД, учениците до 14 години од Северна Македонија добиваат околу 900 часа помалку настава во споредба со другите земји членки, а според УСАИД, нашите деца имаат тешкотии во основни вештини, како што се читање со разбирање и одземање. Нивните тестирања покажуваат дека помалку од 40 проценти во второ одделение ги завршиле задачите со прочитан текст, наспроти меѓународното мерило од 80 проценти. Овие податоци значат уништени генерации и запоставени и заборавени идни човечки потенцијали“, рече ресорната министерка, која во обраќањето зборуваше за придобивките од новата концепција.

Членови на работната група кои ја креираа Нацрт-концепцијата, Виолета Петровска-Бешка и Кирил Барбареев, ја претставуваат пред присутните на јавната собраниска расправа, која денеска ја организира матичната Комисија за образование, наука и спорт. Присуствуваат претставници на Владата, МОН и од органите во негов состав, од државни образовни институции, професори од педагошките факултети, директори и наставници од основни училишта, од МАНУ, невладини и меѓународни организации…/МИА/

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ