Премиерот Зоран Заев и поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, денеска ја добија Меѓународната награда за мир на Вестфалија за 2020 година. Награда Заев и Ципрас ја добија за потпишувањето на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, со кој се реши долгогодишниот спор за името.
На свечената церемонија во Мунстер, наградата им ја врачи претседателот на Латвија Егилс Левиц, како претставник на трите балтички земји кои оваа награда ја добија за 2019 година.

Договорот од Преспа беше потпишан на 17 јуни 2018 во преспанското место Нивици, Грција, земјава доби ново уставно име Северна Македонија, со македонски јазик и идентитет, со што се деблокираа евроатланските интерграции и Македонија стана членка на НАТО, а ЕУ одобри отворање на пристапните преговори за членство.
На 16 ноември 2020 година, Зоран Заев ја доби наградата за човекови права за 2020 што ја доделува Фондацијата Фридрих Еберт, како што и самите изјавија поради решителниот курс на реформите на Заев на крајот ги наведе земјите-членки на ЕУ да започнат преговори за пристапување меѓу ЕУ и Северна Македонија во март, а успеа и земјата да се приклучи на НАТО како 30-та членка.












