• Latest

Заев: Немаме ништо против локалните избори да се одржат и на 17 октомври, доколку се согласат и другите партии

July 22, 2021
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025

Во Црна Гора уапсени осум лица поради насилство и поттикнување национална и верска омраза

October 29, 2025
Совет за безбедност на ОН

Во ОН ќе се дискутира за ситуацијата во Босна и Херцеговина, Додик очекува поддршка од Русија

October 29, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Директорот и управителот на „Комунална хигиена“ добија 30 дена притвор

October 29, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

Најмалку 50 загинати во ноќешните израелски напади врз Појасот Газа

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Заев: Немаме ништо против локалните избори да се одржат и на 17 октомври, доколку се согласат и другите партии

July 22, 2021 13:32
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев вели дека СДСМ е согласен датумот на локалните избори да биде и 17 октомври, како што бара опозицијата, ако за тоа се договорат сите партии. Предлогот, изборите да се одржат на 31 октомври, како што рече, го дал само поради поклопување на термините за кампањата со терминот за одржување на пописот на населението.

-За мене е многу важно што ќе каже опозицијата. Таа треба да биде задоволна со датумот на избори. Ако се одржат на 17 октомври, се поклопува кампањата со пописот и тоа не е добро, треба да го истуркаме пописот до крајот на септември, по што може да почне кампањата. Но, ако каже опозицијата 17-ти и сите други партии се согласат, ние сме согласни. Следниот викенд е 24-ти и 31-ви, тие се опциите за октомври, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по промоција на комлексот Планет.

Тој вели дека на барање на опозицијата се случило и одложување на изборите од септември за втора половина на октомври.

-Со Мицкоски кога имавме средба тие побараа одложување на изборите од септември за октомври, договоривме втора половина на октомври, а тоа е 17, 20 и 31 октомври. Јас ги консултирав партиите во државата, начелно сите без согласни и беше постигнат договор, рече Заев изразувајќи уверување дека низ разговори партиите ќе се усогласат за датумот за одржување на изборите.

Премиерот Заев нагласи дека одржувањето на изборите по 17 октомври не е противуставно и оти факт за тоа е што одложување или пролонгирање на изборите се случило и во 2004, 2005 година, и во 2017 година.

-Не е неуставно, а тоа го потврдува 2004, 2005 година, одложувањето на изборите и 2017 од пролет на есен, со измена на Законот за изборите, каде што се вели дека градоначалниците и советите ги вршат функциите се до избор на нови градоначалници и совети. И тоа е веќе проверено и впрочем е адресирано и пред Уставен суд во постапка во минатото и, колку што сум запознаен, од правниците од мојот тим и одбиена, затоа што Законот вика избори да се одржат во годината кога се навршуваат четири години и затоа е дозволено плус минус 15 дена, пет месеци и теоретски 12 месеци, рече Заев.

Во врска со набавката на опрема за отисок од прст за одржување на локалните избори, тој истакна оти е информиран дека има една фирма која се јавила на повикот.

– Ако се потврди таа фирма изведувач, има доволно време, ако не се надевам дека до почетокот на неделата ќе се донесе одлука да може да се искористи времето и запазат роковите, согласно опциите што ги дава законот. Тогаш една од варијантите е правото и одговорноста да дојде кај претседателот на ДИК лично. Согласно обврската од Изборниот законик, а таа е да има отисок на прст веќе на следните локални избори, Законот за јавни набавки дава можност да се договори набавката по пат на преговарање и договарање, рече премиерот.

Тој додаде дека за него е важно да се спроведе овој процес, пред се, како што рече, затоа што тоа го бара опозицијата, но и тој да биде успешен, односно фирмата која ќе го изведува да биде доверлива и да прифати одговорност затоа што ќе располага со биометриски податоци на граѓаните.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ