• Latest

Заев: Обезбедивме првични 80 милиони денари за ревитализација на Преспанско Езеро

December 20, 2020
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Заев: Обезбедивме првични 80 милиони денари за ревитализација на Преспанско Езеро

December 20, 2020 13:54
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев, заедно со градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски, посетата на преспанскиот регион ја искористи и за увид и обиколка на Преспанското Езеро за прецизирање на спроведувањето на препораките и акцискиот план предложен од експертите за одржливо управување на Преспанското Езеро.

Заев подвлече дека без разлика што сме соочени со факторите на кои не можеме да влијаеме, како што се климатските промени и актуелната временска ситуација, препораките што произлегуваат од студијата и акцискиот план со конкретни мерки и временски рамки, укажуваат дека излезните решенија за ревитализација на Преспанското Езеро ќе се организираат во три фази.

„Првата фаза која опфаќа анализи, студии, препораки, средби на засегнатите страни, во голем дел е веќе спроведена, додека за следните две фази клучна ќе е иницијативата и кај соседите, па во таа насока ќе побараме трите земји да му дадат нова динамика и на проектот за комплетна заштита на Преспанското езеро поддржан од Европската Унија. Во делот на краткорочните мерки, Владата ја подготви одлуката за определување на финансиски средства за општина Ресен во висина од 80 милиони денари кои ќе бидат наменети за чистење на површините на езерото каде што е водата повлечена, посебно во делот кај некои од плажите. Чистењето на овие површини од тињата и од остатоците од дрва и друг материјал ќе се изврши со посебни бродови опремени за таа намена кои нема да наштетат на биодиверзитетот, а ќе го овозможат понирањето на водата и сигурен и стабилен воден режим посебно во летниот период. Во рамките на втората фаза на ревитализација се предвидени и мерки за напредок на активностите за изградба на современи прочистувачи на сите отпадни води кои се влеваат во Преспанското езеро. Дека нашата грижа е континуирана, покажуваат и нашите дела. Владата издвои 80 милиони денари за земјоделците кои претрпеа штети од невремето. Сите граѓани на преспанскиот регион веќе ја препознаваат оваа грижа. Наша обврска е да ја покажеме таа грижа и Преспанското Езеро да се сочува денес за идните генерации“, порача Заев.

Гошаревски изјави дека општината постојано ја следи состојбата со нивото на езерото преку мониторинг станицата во Стење.

„Следејќи го падот на нивото на езерото, веднаш ги алармиравме сите надлежни институции, на кој аларм, беше одговорено енергично и од Владата и од Министерството за животна средина. Преку средби со министерот но и со експерти кои се бават со оваа проблематика и како резултат на тоа произлезе и акцискиот план за заштитата на езерото. Проблемот е комплексен и ќе се решава од страна на трите држави кои го делиме езерото“, изјави градоначалникот Гошевски и додаде дека преземените краткорочни мерки даваат надеж дека го спасиме прекрасното Преспанско езеро.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ