• Latest

Заев: Подготвени сме да го имплементираме мислењето на Венецијаската комисија

October 8, 2019

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Подготвени сме да го имплементираме мислењето на Венецијаската комисија

October 8, 2019 13:18
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Како институција сме подготвени да го имплементираме мислењето на експертите на Венецијаската комисија за Законот за јазиците, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на фабриката за производство на електрични свичови за автомобили „Маркарт“ во велешкото село Каласлари. Тој додаде дека се работи за драфт верзија на текстот.

-Сето тоа што го предлагаат е на нивото на европските пракси и сакаме да учиме од Венецијанската комисија. Рековме дека ја почитуваме Венецијанската комисија, која ќе го даде нејзиното конечно мислење, бидејќи досега како што коментираа, што е поважно дали владеењето на правото и очекувањето да се добие правда или употребата на јазикот. Можеме да дадеме објаснувања колку се важни правото на јазикот и на правда, за на крај да можеме да дадеме свое мислење и да можат тие да го оформат своето мислење, рече премиерот Заев.

На новинарско прашање за забелешката на пратеникот на ДУИ Артан Груби, кој коментира дека цената на мирот е неспоредлива со цената на имплементацијата на законот, односно дека со законот е купен мир, премиерот Заев посочи дека законот е човечко право  што произлегува од правото на употреба на јазици и јазикот е средство за разбирање, за животот да ни биде полесен.

-Оттука и доаѓа буквално употребата на јазиците. Тоа е уставно право на граѓаните. Ништо не се сменило во нашата држава, а граѓаните имаат дополнително право да си го користат, рече Заев.

Тој притоа посочи повеќе практични примери за употреба на јазикот, како при добивање на  социјална помош и како тоа ќе послужи ако една стара возрасна жена знае само албански јазик или пак жена Ромка која живее во Шуто Оризари и не знае на друг начин да комуницира за да го оствари ова свое право.

-Дефинитивно треба да бидеме демократи да донесеме закон, а Венецијанската комисија ќе ни ги даде своите укажувања и конечно сме подготвени да го имплементираме. Бидејќи ако сакаме да влеземе во Европската Унија, треба да ги почитуваме европските институции, истакна Заев и дополни дека во државата се е транспарентно и сите знаат како се одвиваат процесите.

Во врска со проблемите во инститициите и на менаџерите за непознавање на албанскиот јазик и дали планира Владата Македонците да научат албански, а Албанците македонски, премиерот Заев потенцира дека како Влада им стојат секојдневно  на располагање на граѓаните да ги поддржат нивните потреби „не само да дадат тренинг за квалификувана работна рака, туку да поддржат се за да создадат подобри услови за работа и полесно граѓаните да најдат работно место“.

-Ние им стоеме на располагање на граѓаните. Знаењето на јазиците е богатство. Знаеме дека дома сите ги тераме децата да учат јазици затоа што ќе им  се најдат во животот. Затоа, јас верувам дека колку знаеме повеќе јазици, толку ќе им помогнеме на децата во нивните планови во животот. Владата ќе поддржи се за полесно да се вработат граѓаните, а посебно младите, потенцира премиерот Заев.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска во врска со Законот за јазиците изјави дека треба да се почека Венецијанската комисија да излезе со конечен извештај, по што ќе се види што од тоа може да одговара на нашиот политички контекст, а што е спротивно од нивните согледувања, спротивно од Рамковниот договор, спротивно од нашите погледи како треба да го развиваме нашето мултиетничко општество и мултиетничка држава.

Министерството за правда вчера посочи дека нема да го кометира мислењето на експертите на Венецијаската комисија за Законот за јазиците сè до неговото усвојување од комисијата кога станува официјално.

– Мислењето на експертите на Венецијаска комисија е класифицирано сè до неговото усвојување од Комисијата кога станува официјално. До неговото официјализирање нема да го коментираме, а штом ќе биде усвоено ќе го почнеме процесот на имплементирање на препораките содржани во него, велат за МИА од Министерството за правда.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ