• Latest

Заев: Потписниците требаше да присустуваат на одбележувањето на Рамковниот договор

August 13, 2018
Фото: МИА архива

Извештај на ЕУ: Украина мора да ги забрза реформите за да ја исполни целта за пристапување во ЕУ

November 4, 2025

Пицула предупредува: Одложувањето на политичко решение ја турка Србија кон конфликти

November 4, 2025

Европската комисија денека ќе го презентира пакетот извештаи за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 4, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Потписниците требаше да присустуваат на одбележувањето на Рамковниот договор

August 13, 2018 15:56
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Сите кои на некои начин беа вклучени во процесот на потпишување и натамошно имплементирање на Охридскиот рамковен договор требаше да присуствуваат денеска на свеченото одбележување на 17-годишнината од неговото потпишување, што се одржа во Клубот на пратениците со панел дискусија на тема „Патот до Брисел преку Охрид“.

Ова го порача денеска премиерот Зоран Заев по завршувањето на панелот, а одговараќи на новинарско прашање зошто на одбележувањето на учествуваа неговите потписници, поранешните лидери на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски.

На одбележувањето не беше присутен ниту вицепремиерот задолжен за Ракмовниот договор, Хазби Лика. Оваа година прв пат организатор на годишнината од Рамковниот е Секретаријатот за европски прашања предводен од Бујар Османи, наместо Секретаријатот за Рамковен договор, како што беше досега.

– И јас на овој настан сум  гостин, бев поканет и се отповикав на поканата. Прашајте ги двајцата потписници, поранешните претседатели на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Требаше да присустуваат и да ги потврдат придобивките од договорот. Потребно е да го негуваме неговиот дух. Јас денеска изразив почит кон сите потписници на Рамковниот договор, вклучувајќи ги и тие што повеќе не се меѓу живите. Сите тие дадоа придонес, го отстранија конфликтот и почнаа да градат едно општество за сите во оваа наша мултиетничка заедница, рече Заев.

Во врска со тоа до каде е анализата за спроведување на содржаното во Рамковниот, Заев нагласи дека Законот за јазиците е последниот правно-формален аспект.

Верува дека во соодветно време Законот за јазици ќе се најде во Службен весник.

– Треба да бидеме трпеливи. Законот за јазици два пати е гласан во Парламентот. Верувам дека во содветно време ќе биде објавен во Службен весник. Верувам и апелирам дека претседателот на државата ќе стави потпис на двата важни закона. Законот за јазиците и Законот за ратификација на Договорот со Грција, поради тоа што ако така се однесуваме сите навистина ја доведуваме во прашање најважната институција во државата – Парламентот. Дали има смисла неговото постоење во една парламентарна демократија, оти теоретски може претседателот да одлучи и на наредните 170 закони, кои и да се во државата, да не ги потпише, рече Заев.

Нагласи дека се прави анализа и за застапеноста на припадниците на етничките заедници во јавните институции, при што нагласи дека застапеноста кај албанската етничка заедница е 19 отсто. Додаде оти треба да се работи со цел да се достигне поставената цел. Заев нагласи оти се работи и на правичната застапеноста на останатите етнички заедници.

Премиерот додаде дека на секоја владина седница реферира некоја од институциите за правичната застапеност. На последната владина седница реферирала Управата за јавни приходи. (МИА)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    166 shares
    Share 66 Tweet 42
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ