„Одговорно се исправам пред вашата одлука. Сега е потребен вашиот став. Мoјот предлог е организирање предвремени парламентарни избори најбрзо што може. Тоа ќе биде мојот предлог на лидерската средба кај претседателот Пендаровски. Граѓаните имаат мандат да одлучат дали да одиме по патот што води напред или да одиме по мрачниот пат на поделби и конфликти и патот што води назад’, порача Заев на прес-конференцијата.