Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите од лидерската средба во вилата „Водно“ изјави дека е постигнат консензус околу предвремените избори кои ќе се одржат на 12 април 2020 година.
Што се однесува до пописот кој беше предвиден да се спроведе во април следната година, Заев изјави дека допрва ќе се договорат околу тоа, но дека неговиот став е дека пописот треба да се одржи во 2020 година.
М. И.