• Latest
ПРОТЕСТИ СО ЗАДОЦНЕТО ПАЛЕЊЕ Е, ова веќе беше поттик на промените и тоа не беше студентски туку граѓанска низа на протести, 2016 (фото: ЦИВИЛ)

Заев: „Шарената револуција“ е јасниот и гласен изблик на граѓаните дека никој не може да им ја одземе слободата и да ги зароби општеството и државата

April 12, 2021
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Заев: „Шарената револуција“ е јасниот и гласен изблик на граѓаните дека никој не може да им ја одземе слободата и да ги зароби општеството и државата

April 12, 2021 15:34
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
ПРОТЕСТИ СО ЗАДОЦНЕТО ПАЛЕЊЕ Е, ова веќе беше поттик на промените и тоа не беше студентски туку граѓанска низа на протести, 2016 (фото: ЦИВИЛ)

ПРОТЕСТИ СО ЗАДОЦНЕТО ПАЛЕЊЕ Е, ова веќе беше поттик на промените и тоа не беше студентски туку граѓанска низа на протести, 2016 (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

„На истекот од петте години од почетокот на едно од најважните граѓански движења за демократија и правда, најважната придобивка од „Шарената револуција“ е јасниот и гласен изблик на граѓаните дека никој не може да им ја одземе слободата и да ги зароби општеството и државата и дека тие знаат да застанат во одбрана на овие вредности и да се спротивстават на брутален режим“, објави Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

„Континуираните, секојдневни и ненасилни протести низ симболот на боите го изразуваа обединетото граѓанско општество со знамињата во разни бои кои се вееја во долгите колони. Ова движење беше шарено во својата суштина, затоа што здружи граѓани со разни идеолошки убедувања, од различни политички партии, од најширокиот спектар на граѓанските организации од целата земја, од различни етнички заедници и какви било други припадности.

„Шарена револуција“ предизвика огромни промени во македонската политичка и општествена реалност. Процеси кои потоа поминаа низ институционалната рамка откако претходеа реформи во правосудството, во изборниот законик, во медиумите и во јавната администрација.

Владините политики од 2017 наваму останаа доследни во почитувањето на барањата и заложбите на „Шарената револуција” и во однос на аболицијата на поранешниот претседател Иванов, чин што предизвика револт и беше последната капка што ја поттикна оваа серија протести на граѓаните.

Со јасно изразена политичка волја и низ реформите на правосудството беа поништени аболициите како спротивни на домашното право и беа извор на правна несигурност и на големо незадоволство кај граѓаните. Со нивното поништување ја воспоставивме нарушената правна рамнотежа. Владата зазеде цврст став оваа одлука да ја брани и застапува пред судот во Стразбур, а преку своите аргументи да му даде можност на судот истите да ги оцени како оправдани упатувајќи со тоа уште една силна порака дека оваа влада не е подготвена да прифати неказнивост.

Прочистувањето е финалето на длабоките и суштински реформи во правосудството, а моделот за овој процес го подготвија и спроведуваат претставници на Судскиот совет, на Советот на јавни обвинители и со тоа му го дадоа потребниот кредибилитет на процесот и кој се спроведува вон допирот на политиката.

Стигнавме до тука после тешка битка со противниците на правдата. Некои од нив останаа на браникот на криминалот – го гледаме тоа и ден денеска. Затоа беа против Законот за јавно обвинителство.

Како резултат на тој закон, предметите за висока корупција и организиран криминал се живи и тие добиваат и ќе добиваат судски разрешници. Високи функционери, министри, веќе издржуваат затворски казни за тешки кривични дела. Од страна на Судскиот совет се покренати 80-тина предмети, а 9 судии се разрешени.

Граѓаните здружени во #ШаренаРеволуција бараа ослободени институции и отворени институции и денеска никој не може да порекне дека оваа заложба не е остварена.

Граѓаните денес се гласни и со конкретни критички ставови, а покрај себе имаат власт која е отворена за граѓанскиот глас, слуша и знае да се поправа. Тоа е резултат на демократската промена во чие остварување сериозен удел имаше и „Шарената револуција“, а граѓаните треба да се горди што Северна Македонија напредува на полето на демократијата и слободата“, истакна Заев.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ