• Latest

Заев: Со членството во НАТО надминуваме поделби, политички и меѓуетнички и се издигаме посилни и пообединети

March 27, 2021
Фото: Скриншот од видео на Телеграм каналот Астра

Дронови ја нападнале руската црноморска флота, „мистериозна“ експлозија оштетила танкер во руско пристаниште

July 6, 2025
Фото: Роман Шеремета / Фејсбук

Шеремета: Сите Руси имаат колективна одговорност за геноцидот врз украинскиот народ

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
ABC News (Australia)

Антисемитизмот нема место во Австралија – рече премиерот Албанезе и вети преземање строги мерки по нападот со палење на синагога

July 6, 2025
Фото: Веб страната на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски се пишмани, нема данок за немажени и неженети – погрешно бил разбран

July 6, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

(ВИДЕО) Хрватската СДП проговори за усташтвото на концертот на Томпсон: Сведоци бевме на срам од целиот свет

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

Зошто кинескиот лидер Си Џинпинг го прескокнува овогодинешниот самит на БРИКС?

July 6, 2025
Фотографија: ЦивилМедиа

Канта за смет

July 6, 2025
Генералштабот на Украина пријави напад врз аеродромот Борисоглебск во југозападната Воронешка област, Русија, на 5 јули. Фотографија: Генералштаб / Фејсбук

Украински напад со дронови врз руска воздухопловна база погоди складиште за бомби, авиони – откажани летови на неколку руски аеродроми 

July 6, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговори за Газа и покрај „неприфатливите“ барања на Хамас

July 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Со членството во НАТО надминуваме поделби, политички и меѓуетнички и се издигаме посилни и пообединети

March 27, 2021 12:53
in ВЕСТИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Ако со еден збор треба да го опишам денешниот настан со кој го славиме членството на Северна Македонија во НАТО – тогаш тој збор е успеавме. Успеавме затоа што членството во НАТО е најголемиот придонес за нашата безбедност и стабилност. Тоа е најсилната гаранција за заштита на територијалниот интегритет и на суверенитетот на Република Северна Македонија.

Ова го потенцираше премиерот Зоран Заев во обраќањето денеска на свеченото одбележување на една година од полноправното членството на Северна Македонија во НАТО, како 30-та земја сојузник.

Тој додаде дека пред една година остваривме една од најважните стратешки цели за државата зацртана во темелите на нашата независност и усвоена со едногласна одлука на Собранието уште во 1993 година.

Денес членството во НАТО, потенцира Заев, е израз на нашата натпартиска, широка, мнозинска, национална, мултиетничка и државничка одлука за тоа дека патот напред е патот на демократијата, сигурноста и безбедноста.

– Седиме на маса заедно со најголемите и најразвиените земји во светот. Ние сме еднаков дел од ова големо семејство на развиени демократии. Заедно со нив го даваме нашиот придонес кон светскиот мир и безбедност. Активно учествуваме во мисиите на НАТО, од кои дел се насочени кон зачувување на мирот и стабилноста, а дел кон развој на локалните капацитети и институции за одржување на мир, безбедност и стабилен демократски развој, рече премиерот.

Од минатата година учествуваме во мисијата КФОР на Косово, а од оваа година, најави премиерот Заев, ќе го зголемиме нашето учество, бидејќи, според него, од примарна важност за нас е нашето соседство да е мирно и стабилно.

Како што истакна тој, членството во НАТО е дополнителен мотив за зајакнување на социјалната кохезија во Северна Македонија, и служи за зајакнување на отпорноста на нашата демократија. НАТО, подвлече, е и нашата здружена светска сила во чии рамки се справуваме со опасниот глобален непријател, односно со дезинформациите и манипулациите.

Кога е безбедноста и сигурноста во прашање, наведе премиерот Заев, не сме повеќе тема на дневен ред, туку сега и ние учествуваме во креирањето на дневниот ред, дискутираме за сите прашања и заедно ги носиме одлуките со другите сојузници во НАТО.

Премиерот оцени дека тоа е огромна придобивка од нашиот успех со членството во НАТО и тој успех е најјасно изразен, како што рече, во фактот што како членка на Алијансата, Северна Македонија денес, заедно со сите други сојузници, учествува во стратешкото исцртување на визијата за НАТО во наредните 10 години. – Учествуваме во процесот „НАТО 2030“ во кој сите 30 сојузници заедно се согласија како приоритет да го одржат континуитетот на најсилен воен сојуз во светот, рече Заев.

– За ова прашање имаме и силен политички консензус кој произлегува токму од вториот приоритет на визијата за НАТО 2030 дека посилно од нашите разлики како држави е она што не обединува и што е наша основна мисија: Да се заштитуваме и браниме едни со други и да ги одбраниме нашите вредности што не поврзуваат – демократијата, индивидуалните слободи и владеењето на правото, истакна во обраќањето Заев.

Тој порача дека гласот на Алијансата е помоќен кога сме обединети и околу третиот приоритет на НАТО 2030, а тоа е преземање на посуштествен глобален пристап кога се во прашање предизвиците со глобални влијанија како што се тероризмот, сајбер заканите и нападите со дезинформации.

Според него, солидарноста на сојузништвото ја видовме сите членки во услови на глобална пандемија, кога си помагавме едни на други со основните средства за заштите за да се преброди првичниот бран на кризата.

– Голем број наши сојузници ни помогнаа со донации во медицинска и заштитна опрема, како и во препарати за дезинфекција и други материјали. НАТО донираше 60 механички вентилатори за полесно справување со последиците од пандемијата. Нашите капацитети и ресурси се посилни благодарение на солидарната поддршка од сојузниците, што е директен придонес од нашето членство во НАТО, рече Заев, заблагодарувајќи и се истовремено и на Армијата што низ цела оваа година неуморно го помага здравствениот систем.

Осврнувајќи се на почетоците, Заев потсети дека нашата про-атлантска ориентација има длабоки корени и притоа истакна дела членството во НАТО за нас беше не само политички престиж, туку пред сѐ и признание за демократските вредности, поддржани од граѓаните на наша земја.

– Со членството во НАТО надминуваме поделби, политички и меѓуетнички и се издигаме посилни и пообединети, благодарение на желбата за подобро заедничко утре и амбицијата тоа да го реализираме. Во тој дух, овој свечен ден повикува да продолжиме и понатаму кон остварување и на нашата втора стратешка цел – членството во Европската Унија, повика премиерот Заев.

Денес, кога славиме една година од членство во НАТО, како 30-та членка и кога оваа 2021 година одбележуваме 30 години независна држава, нагласи меѓу другото Заев, со гордост можеме да констатираме дека сонот на многу генерации, е исполнет.

– Тоа е јасна порака за помладата генерација, да сонува и храбро да се бори за своите соништа, истакна премиерот Заев во обрќањето на прославата на една година полноправно членство на С Македонија во НАТО, во скопската касарна „Илинден“.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Канта за смет

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ