Премиерот Зоран Заев синоќа во емисија на Алсат М, во врска со Законот за употреба на јазиците изјави дека кризата постои, затоа што дел од политичарите сакаат да се китат со туѓи перија, потсетувајќи ги членовите на ДИУ дека овој закон не е нивен, туку на сите кои го поддржаа и гласаа и дека истиот мора да биде во духот на „едно општество за сите“.
„Не ми требаат мене национализми од ниедна страна, затоа што кога повикав да одработиме како партнерство за државата, една од работите за кои што се согласивме е да градиме едно општество за сите. Како што јас како Македонец внимавам на моите сограѓани Албанци, така и колегите Албанци треба да внимаваат на сограѓаните Македонци“, рече Заев.
Во врска со тоа дали има несогласување меѓу СДСМ и ДУИ бидејќи вицепремиерот, Бујар Османи, изјави дека според него законот не треба да оди во Веницијанска комисија, Заев рече:
„Мојот пријател и потпретседател на Владата заборавил на заклучокот од Влада, зошто немаме предрасуди, ништо не треба да правиме шверцерски. Јас како прв претставник на Владата мислам дека Законот е уставен. Уставот го дефинира албанскиот јазик како втор официјален јазик, за меѓународна употреба само македонскиот јазик, прв е македонскиот, употребата е јасно разграничена“, изјави премиерот.
М. Ивановска
Фотографија: Биљана Јордановска (од конференцијата за антикорупција на ЦИВИЛ)