• Latest

Заев: Социјал-демократите не се режимски послушници и нема да почнат да креираат фарми со ботови кои шират лажни вести

April 13, 2022

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Социјал-демократите не се режимски послушници и нема да почнат да креираат фарми со ботови кои шират лажни вести

Не очекувајте од социјалдемократите да станат режимски послушници и да почнат да креираат фарми со ботови кои шират лажни вести. Не, јас се противам на тоа. Но ве уверувам дека може да очекувате консолидација на демократскиот блок, во што левичарите ќе имаат водечка улога. Очекувајте дијалог, но и одлуки и акции. Учиме од грешките и бидете сигурни дека левичарите нема да седат и да дискутираат бескрајно додека крајната десница ја загрозува безбедноста. Не, светот се промени, а особено регионот. Ние на Балканот денес добро знаеме дека мирот ни е многу скапоцен и дека нема да дозволиме некој туку така да го загрози.

April 13, 2022 18:34
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Непосредно пред учеството на третиот Конгрес на грчката опозициска партија СИРИЗА што ќе се одржи од 14 до 17 април во Атина, поранешниот премиер Зоран Заев во интервју за грчкиот информативен портал „Ајидисис“, говори за Војната во Украина, за придобивките од Преспанскиот договор и како тој влијае на понатамошните односи помеѓу двете држави. Заев дава одговор и за десничарскиот националистички подем во Европа и на Балканот. Зборува за оставката од премиер и партиските функциии и дали му недостасува што е надвор од главната политичка сцена.

Интервјуто го пренесуваме интегрално

Господине Заев, во Атина доаѓате како гостин на Алексис Ципрас на конференцијата СИРИЗА-ПА. Вие двајца заедно со министрите за надворешни работи Никос Коѕијас и Никола Димитров го постигнавме Договорот од Преспа. Договор, сепак, кој донесе изборен пораз од СИРИЗА во 2019 година и отстранување од централната сцена и на вас и на двајцата министри. Дали постигнувањето на договорот беше релевантно за она што следеше? Би сакале да ни одговорите со рака на срце, дали ако знаеевте однапред дека тоа ќе се случи, дали ќе го потпишевте договорот?

Договорот од Преспа го претвори проблемот во решение, конфликтот во соработка, непријателството во сојузништво. Дали пред 2018 година бевме соседи кои не се слушаат, кои не комуницираат и кои имаат непријателски однос едни кон други? Дали денес сме соседи кои се заедно во НАТО, кои се поддржуваат и штитат меѓу себе? Дали компаниите од Северна Македонија и Грција денес соработуваат повеќе од претходно? Дали Грција го чува небото над Северна Македонија и дали конечно Грција нема проблем со тоа што ние сме Македонци од Северна Македонија? Ве повикувам Вам, но и сите кои ќе го прочитаат ова интервју – ставете ја десната рака на вашето срце и одговорете си ги овие прашања, онака како што јас го правам тоа во овој момент. Јас велам – вредеше. И велам дека до прва ќе вреди.

Изненадени од вашата одлука, по резултатот од локалните избори, да објавите дека ќе поднесете оставка како претседател на СДСМ и како премиер. Дали тоа беше одлука во жарот на моментот или свесна одлука? Дали жалите за оваа одлука?

Тоа беше сосема исправен и одговорен потег кој покажа и покажува што значи да се чуе гласот на народот и што значи и во најтешките моменти да се придонесува кон политичките вредности за кои се борел и се бори мојот, нашиот СДСМ. Демократските, европските и вредностите на солидарноста мора да бидат на пиедесталот. И кога се соочувате со одлуката да изберете меѓу себе и вредностите за кои сте се бореле целиот ваш живот, тогаш одлуката мора да биде во корист на вредностите и во корист на зачувување и развој на се она што сте постигнале низ годините.

Многумина ми рекоа дека во вакви ситуации најтешко е да се износиш со сопственото его. Јас, фала му на бога, немав никаков предизвик да го сторам тоа. До ден денес, а верувам и во иднина, давав и ќе давам целосна поддршка на тимот што ја води државата и партијата на патот на напредокот.

Јас сум и жив, и здрав, и витален, и капацитетен, и како што кажав повеќе пати, останувам посветен на каузите за подобро демократско и отворено општество, без при тоа да мислам дека сум најважен и најголем или дека морам да бидам на функција. Не, општеството е поважно од мене и треба да е поважно од кој било политичар.

Дали мислите дека руската инвазија на Украина и војната која сè уште беснее, го менува светот каков што досега го познававме? Ако е така, во која насока? Дали постои ризик ова да се прошири на Балканот? Што може да обезбеди мир во регионот? Ја оставивте, вашата земја, Северна Македонија, безбедна?

Војната мора да биде заменета со мир. Насилството со дијалог. Нема изговори, нема ниту едно оправдување во 2022 година да сведочиме воени инвазии врз демократска и суверена земја, врз население кое одлучило да создаде своја, независна држава. Украина и Европа веќе нема да се исти. На пример, Мариопол, никогаш веќе нема да биде ист бидејќи е разрушен. Но, Светот веќе никогаш нема да гледа на руските власти на ист начин. Русија избра насилство и поради тоа предизвика лавина санкции од демократскиот свет. Не е добро да преземате дејства со кои го терате светот да се оградува од вас. Тоа е најлошото нешто што можете да му го направите на сопствениот народ.

Јас сум горд што Северна Македонија е на страната на мирот, на сигурноста, на безбедноста, заедно со целиот демократски свет и особено заедно со НАТО. И сум горд што живеам во безбедна земја, држава која учествува во најмоќниот безбедносен штит и држава која е заштитена од најмоќниот сојуз во светот.

Претседателот на Србија по изборите во неговата земја изјави дека Србија прави десничарски пресврт бидејќи три десничарски партии влегоа во српското народно собрание. Од друга страна, Виктор Орбан победи на изборите четврти пат по ред. На ваша страна имате долго и горчливо искуство со ВМРО-ДМПНЕ. Дали постои страв од десничарски националистички подем во Европа и на Балканот?

Изјавата која ја цитирате доаѓа од Вучиќ, лидерот на Србија кој ги доби последните избори и кој во повеќе наврати покажа што значи да се соработува со различните од себе. Тоа што Вучиќ коментира со доза на алармантност по однос на извесен раст на крајно десните партии, а при тоа ги добива изборите, е добар показател дека Србија сепак има лидер кој нема да дозволи нов радикализам на Балканот.

Партијата што ја водевте идеолошки припаѓа на Социјалдемократијата. Но, во Европа социјалистичките партии се чини дека не се прифатени од граѓаните. Што греши социјалдемократијата што не може да комуницира со граѓаните? Што би направиле поинаку од она што го правевте како премиер доколку дојдете на власт сега?

Немојте така лесно да им пресудувате на левичарите. Не така одамна Грција избра левичарска Влада. Албанија има левичарски премиер веќе трет мандат по ред. Северна Македонија има веќе трета влада по ред од редовите на социјал-демократите. Шпанија исто така. Владата во Германија ја водат социјал-демократите. Во Црна Гора падна владата која не беше социјал-демократска. Хрватска има претседател од СДП. Словенија исто така. Бугарија има премиер кој е демократ, а не е крајна десница.

Не очекувајте од социјал-демократите да станат режимски послушници и да почнат да креираат фарми со ботови кои шират лажни вести. Не, јас се противам на тоа. Но, ве уверувам дека може да очекувате консолидација на демократскиот блок, во што левичарите ќе имаат водечка улога. Очекувајте дијалог, но и одлуки и акции. Учиме од грешките и бидете сигурни дека левичарите нема да седат и да дискутираат бескрајно додека крајната десница ја загрозува безбедноста. Не, светот се промени, а особено регионот. Ние на Балканот денес добро знаеме дека мирот ни е многу скапоцен и дека нема да дозволиме некој туку така да го загрози.

Да се вратиме на Договорот од Преспа. Вие бевте еден од протагонистите на овој договор што ги раскина врските на разликите меѓу Грција и Северна Македонија. Како ја гледате неговата имплементација? Дали напредува нормално или е во ќорсокак како што истакнуваат некои луѓе од двете земји? Што треба да се направи што досега не е спроведено?

Ценам дека соработката меѓу двете држави е на прилично високо ниво. Има точки каде се соработува и напредува многу брзо, а има и точки каде соработката е со умерено темпо. Но напредокот е очигледен. Нема застој, нема назадување. Ги видовме премиерите Ковачевски и Мицотакис пред некој ден во Делфи на заедничка, конструктивна пријателска средба. Уверен сум дека граѓаните и политичките сили кои сакаат пријателство и соработка наместо изолација и конфликт се сериозно побројни и подоминантни во споредба со оние другите, и тоа во двете држави.

Како се чувствувате што сте надвор од главната политичка сцена? Дали ви недостига? Кои се вашите планови од овде па натаму?

Често знам да кажам дека овој период уживам во слободата која ми ја донесе излегувањето од политичкото секојдневие. Тоа не значи дека сум безгрижен или дека сум неодговорен кон својата држава, кон својот народ и својата партија.

Јас сум достапен и ме контактираат многу пријатели, граѓани и заедници. Моите позиции се познати, јавно изнесени и ќе помогнам секому кој стои на истата вредносна страна. Целите за кои сум влегол во политика, се целите заради кои останувам општествено активен – солидарност и поддршка, помош за послабите и ранливите, слобода на мислата и изразувањето, соработка, слобода на движење и бришење на пречките и границите. Демократија наместо режим. Додека дишам ќе се борам за овие вредности и ќе се спротивставувам на оние кои имаат цел да ги загрозат.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ