Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат, истакна дека во средината на јуни е идеално за одржување на предвремените пармалентарни избори.
Осврнувајќи се на законските рокови потребни на Државната изборна комисија за ажурираање на избирачкиот список, Заев рече дека на Комисијата и се потребни 21 ден по завржувањето на вонредната состојба.
„На лидерската средба ќе дискутираме за овие работи. Прво најважно е кризата да биде одмината и бројката на оздравени да биде јасно видлива. Потоа, изборите да бидат мониторирани од ОБСЕ и ОДИХР. Закоснките рокови за ажурирање на избриачкиот список, тоа е процес застанат на пола пат. Не верувам дека ќе имаме друг прикладен период за избори. Сите го избегнуваат јули и август, средината на јуни е најдобар датум“, посочи Заев.
Аргументите на кои посочи Заев за што поскоро организирање избори е немањето на Парламент и функционирањето на техничката валда. Лидерот на СДСМ предвидува голема излезност на гласањето, очекувајќи политичките партии да ги мотивираат граѓаните да излезат да гласаат.
П. К.