• Latest

Заев: Треба да тежнееме младите доминантно да се вработуваат во приватниот сектор

February 25, 2021

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Треба да тежнееме младите доминантно да се вработуваат во приватниот сектор

February 25, 2021 15:17
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Се прават максимални напори за зачувување на секое работно место, доминантно во приватниот сектор, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на прашање на пратеникот од Алтернатива, Скендер Реџепи „како да им се помогне“ на околу 80 Албанци вработени во јавната администрација со договор на дело, чии договори истекле во декември 2020 година и не им се продолжени за време на пандемијата.

Една од мерките, потсети премиерот Заев, беше јавната администрација 50 проценти да седи дома, па да се менуваат на една недела или слично, а една од одлуките беше договорите што завршуваат во која било институција, да не се продолжуваат таму каде што нема потреба од тие вработени, но некаде да се продолжат доколку има реална потреба.

– Отпуштање од работа на некој што има засновано работен однос и договор за работа никаде не се случило, освен ако е прекршен Законот за работни односи и има соодветни причини. Точно е дека за време на пандемијата огромен број на новоотворени или испразнети места не се ниту пополнети за да може голем пакет од тие пари да одат за поддршка на последиците од пандемијата. Ќе продолжиме така се додека не видиме дека пандемијата го губи темпото. За вработување секогаш сме се грижеле рамноправно, да гледаме да се запазат само законски обврски, пред се етничкиот дел, но најчесто критериуми да бидат квалификуваност и образование. Некои места бараат години практично искуство, а единствено ако некаде сме испратиле порака за отпуштање од јавната администрација, тоа исклучиво е таму каде што договорите завршиле, образложи премиерот Заев.

Тој, меѓу другото, додаде дека се прави рационализација секаде каде што може да се направи, со цел да се обезбедат дополнителните пари за поддршка на сиромашните граѓани, на работниците, на стопанството и на економијата.

– Верувам дека државата ќе биде соодветен работодавач во постковид периодот, се надевам искрено дека по сите очекувања тоа ќе се случи во летниот период, но најголем работодавач кај нас се приватните компании. Верувам дека се поголем дел од граѓаните ќе се определуваат за плата од 22 и 24 илјади денари со средно школо, кои во просек ги нуди приватниот сектор, наместо 14.500 или најмногу 18 илјади денари, колку што се во јавната администрација просечните плати со средно образование. Тоа дополнително значи дека младите луѓе и сите кои прв пат бараат работа треба да тежнееме доминантно да се вработуваат во приватниот сектор, рече меѓу другото премиерот Заев.

Одговарајќи на второ прашање на истиот пратеник „зошто не се одобрува решение за градба на џамија во Аеродром – Лисиче, Заев рече дека според нашите закони должност на општината е да издаде одобрение за градба на џамии и верски објекти, ако има локација за таква намена.

Премиерот Заев одговори дека прв пат слуша за проблематиката, но додаде дека за детали ќе се обрати до министерот за транспорт и врски.

– Ако дозволите по разговор со градоначалникот ќе Ви доставам и писмен одговор, а согласно тоа, потоа стојам на располагање да дадам и дополнителни објаснувања ако се јави одреден вид проблематика, што би требало да биде како решение за потребата на граѓаните, рече од собраниската говорница премиерот Заев.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ