• Latest

Заев: Верувам дека ќе се најде решение, ако успее на 23 јуни треба да е првата меѓувладина седница

June 2, 2021
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа. Фото: Форум за заложници и исчезнати семејства/Whats up

Останките што ги предаде Хамас во вторникот се на Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа

November 5, 2025
Скриншот од видео на
RTVE Noticias

Стравувајќи од обидите на САД да го отстранат, Мадуро ги повика Венецуелците да кодошат преку апликација

November 5, 2025
Експлозии го осветлуваат небото над рускиот град Орјол за време на пријавениот напад на 5 ноември 2025 година. Фото: Астра/Телеграм

Експлозии во руската област Орјол, жителите тврдат дека е извршен украински ракетен напад, гувернерот вели дека се дронови

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Најмалку 7 загинати, 11 повредени кога товарен авион на UPS се урна при полетување во Кентаки

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Зохран Мамдани победи во трката за градоначалник на Њујорк, демократите победија во главните трки, гласачите му испратија порака на Трамп

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Верувам дека ќе се најде решение, ако успее на 23 јуни треба да е првата меѓувладина седница

June 2, 2021 15:38
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Верувам дека ќе бидеме мудири, комплетно како што стоиме сите, а посебно Владата во заштита на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, и дека ќе се изнајде конечно решение да направиме исчекор. Правиме се и навистина имаме добра основа низ португалскиот предлог да изнајдеме решение со Бугарија. Ако успее, веднаш на 23 јуни треба да ја имаме првата меѓувладина седница“, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање за учество во тв дуел со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски за спорот со Бугарија, Заев по денешната посета на детска градника во населбата Аеродром, рече дека за ова прашање очекувал покана од претседателот на бугарската Влада Стефан Јанев.

„Секогаш во текот на преговорите, принципиелно ние ги соопштуваме сите детали и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го има португалскиот предлог кај него во раце. Така сум информиран. Не гледам во моментов причина зошто да седнам, но прва прилика кога тоа нема да наштети на преговарачкиот процес, веднаш и во секое време сум за дуел за било кои теми“, рече Заев.

Португалското претседателство, посочи Заев, изненадувачки позитивно изработило инвентивно и креативно решение.

„Не само за нас, туку и за бугарската страна, кое што е согласно праксата на Европската унија и навистина може да биде решение. Да посветиме, овие уште 20 дена, колку што останаа до Советот на министри. Ако успее, веднаш на 23 јуни треба да ја имаме првата меѓувладина седница“, изјави Заев.

Не сакам, нагласи тој, да ги поткревам очекувањата, и ја повика ЕУ, вклучително и Бугарија, да испорачаат, затоа што ни должат.

„Деновиве имам многу средби. Имам средби во Тирана, во Виена, во Истанбул, во Париз и многу дестинации. Се со конечна цел и билатерално да ги зајакнуваме односите и да ги јакнеме нашите односи со ЕУ. Се надевам дека ќе има средба и со бугарскиот премиер. Тоа е возможно да се случи во Софија. Но, отворено е дали во Скопје, Софија, Охрид или било каде да седнеме да се видиме“, изјави Заев.

Подготвен сум, рече Заев, да одам во Софија и на прагматичен начин да замоли за решение.

„Да замолам за решение на прагамтични основи, знаејќи дека никој не сака да погази врз нашиот македонски јазик и македонски идентитет. Така и ќе биде, но сепак решението мора да го најдеме ние двете пријателски земји“, изјави Заев.

Бугарија во 2018 година, посочи Заев, свика Европски самит за Западен Балкан и навистина, како што рече, треба да помолиме Бугарија да остане предводник на евроинтеграциите на Западен Балкан, вклучително и на Северна Македонија.

„Политиката што ја водиме во моментот со целосна почит на нашата историја како појдовна основа за гаранција на сегашноста и иднината. Тоа молиме. Европски манири. Молиме европски однос на сите наши соседи. Жалам што во моментот е техничка влада, не е политичка, да понесе одговорност и затоа, сме со резерва и не знаеме дали ќе има одлука, но треба да работиме и успееме“, изјави Заев.

Компромисот, појасни тој, е дека секоја страна има право на своите ставови и да остави времето да ги решава.

„Компромисот е патна карта, каде што секој секторски ќе си земе обврска. Ние со железницата кон Бугарија, а тие кон преминот Клепало. Тоа е компромисот. Македонскиот јазик и македонски народ, ако е за преговори, не преговараме. Појасно од тоа, не знам како да кажам“, нагласни Заев.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ