• Latest

Заев: Владата е подготвена за измени во изборниот законик

October 3, 2019

Изборна хроника: Експерименти, вилаети, Халкидики, Дубаи и Холандски парк меѓу ветувањата за инклузивност, градинки и противпожарни станици

October 7, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

„Ја ослободуваме нашата земја, чекор по чекор“ – Украина известува за успешен контранапад во Днипропетровскaта област

October 7, 2025
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Владата е подготвена за измени во изборниот законик

Премиерот потенцира дека донесувањето на одлуката ќе биде со консензус, бидејќи традицијата досега покажува дека менувањето на изборните модели низ историјата се правело со консензус.

October 3, 2019 12:04
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев вели дека како Влада и како партија се подготвени за измени на изборниот законик и оти за нив се прифатливи и двата понудени – една изборна единица или отворени листи. Двата модела, смета премиерот не може да се комбинираат. За тоа какво ќе биде решението, потенцира Заев, ќе се одлучи со консензус.

– Многу е важно влијанието на малите политички партии, оти можеме да седнеме ние најголемите  да договориме нешто што апсолутно ќе ги  мајоризира помалите партии, а тоа не е добро. Партијата што ја водам е за модели кои ќе ја унапредат демократијата во државата. Затоа сме за една изборна единица, а можеме да размислиме и за отворените листи, односно би поддржале и отворени листи, рече Заев на пресот по конференцијата „Кон концептот за едно општество и интеркултурализам“.

Ветувањето пред изборите, додаде премиерот, било за една изборна единица, заради тоа што веруваат дека вредноста на гласот станува подоминантен, не се губат гласовите некаде.

-Се случуваше политички партии или листи да имаат 30.000 – 40.000 гласови, а ниту еден пратеник да не добијат. Ние се залагаме да се максимилизираат тие гласови преку една изборна единица, иако СДСМ веројатно како најдобростоечка партија најмногу би изгубила, па второстоечката партија,  па третата…  Но, добивате деморкатијата и добиваат нашите граѓани. Една изборна единица со 120 имиња на листата и отворени листи никаде не се спроведува. Или една изборна единица или отворени листа. Ние подржуваме и ги охрабрувам сите партии да направиме еден чекор кон демократизација на изборниот процес, рече премиерот Заев.

Премиерот потенцира дека донесувањето на одлуката ќе биде со консензус, бидејќи традицијата досега покажува дека менувањето на изборните модели низ историјата се правело со консензус.

ЦИВИЛ организираше конференција за изборни реформи – „Перспективи на македонските ибори“ на која присуствуваа лидери и високи претставници од политичките партии, претседателот Пендаровски, амбасадори и претставници од граѓанскиот сектор. Премиерот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, преку видео порака им се обрати на учесниците и присутните на Конференцијата за изборни реформи, и изрази увереност дека од дискусијата ќе произлезат конструктивни насоки за законската и институционалната рамка за изборниот систем, кои Владата ќе ги проследи со посебно внимание.

„Уверен сум дека од вашиот придонес ќе произлезат конструктивни насоки за законската и институционалната рамка за изборниот систем на транспарентна и инклузивна основа. Бидете уверени дека јас, како премиер, и Владата на Република Северна Македонија со најголемо внимание ќе ги проследиме и анализираме согледувањата коишто ќе дојдат од сите вас. На тоа не обврзуваат и препораките на ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија, кои за оваа тема беа во насока да се отвори сеопфатна дебата“, изјави Заев.

Премиерот додаде дека како доказ за нивните заложби да се внесат што е можно повеќе демократски решенија во изборниот систем е и соработката со граѓанскиот сектор и со меѓународната заедница, на која и се благодарни за големата техничка и финансиска поддршка на овие процеси.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share51Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ