• Latest

Заев: Во 2020 го испорачавме ветеното, 2021 година на квантен економски скок

January 5, 2021

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Во 2020 го испорачавме ветеното, 2021 година на квантен економски скок

January 5, 2021 12:07
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„И покрај сите предзивици со кои се соочивме, можам да кажам дека во 2020 година успеавме да им го испорачаме тоа што им го ветивме на граѓаните. Минатата, 2020-та, не научи да бидеме погрижливи, посолидарни и сплотени, покажа дека кога има криза најважно е да сме здружени. Затоа Владата беше фокусирана на поддршка на секој граѓанин на кој му е потребна потпора, 2020 покажа дека инклузивното креирање на политиките и водењето грижа за потребите на луѓето, носат стабилност и раст на економски план“, рече денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со министерот за финансии Фатмир Бесими.

Оваа, 2021, напомена Заев, е година на рестарт и заживување. Кризата е можност и од нас зависи, порача премиерот, колку ќе ја искористиме. Клучни ќе бидат капиталните инвестиции за кои се проектирани 23 милијарди денари, инфраструктурата, енергетиката, дигитализацијата и земјоделството.

Буџетот, подвлече премиерот, е избалансиран, одговорно планиран и кроен соодветно, за да одговори на предизвиците.

„И во време на пандемија, во консулатција со стопанските комори, синдикатите, академската фела и граѓанскиот сектор, обезбедивме ликвидност и опстанок на компаниите, задржувајќи ги вработените каде што е тоа можно. Македонската економија е стабилна, жива и динамична, не дозволивме потрошувачката да запре, а тоа е можно сако ако добро се планира и ако брзо, соодветно и паметно се реагира. Ефектите се видливи. На економски план, се покажа дека борбата за спас на работните места е најправилната и најчовечната стратегија“, подвлече Заев.

Премиерот најави дека овој месец ќе се одвива дебатата за креирањето на следните економски пакет-мерки, а во февруари ќе се носат мерките за 2021 година.

„По божиќните празници ќе почне дебатата со сите релевантни чинители, за да се димензионираат следните пакети за помагање. Околу 10 јануари ќе се согледаат сите аспкети за здравственото влијание на кризата, а преку тоа и економските последици. Очекуваме во јануари да се развие дебатата, а во февруари ќе се носат мерките. Сакам да ве уверам дека Владата долг период работи на создавање услови за излез од кризата која треба да се искористи како неповторлива, уникатна можност за економски скоск. Се што имаме како ресурс да се стави во функција на развој, а конечлниот импакт да биде стандардот на граѓаните. Се што е потенцијал, ќе се стави на рапсолагање, а доминантна ќе биде енергетиката“, потенцира Заев.

Презентирајќи ги бројките, Заев посочи дека вкупните даночни проиходи во 2020 година се релализирани во износ од 189,8 милијарди денари или 96,7 отсто од планираното, директините даноци имаат остварување од 99,5 отсто што е раст од 2,3 проценти споредено со 2019 година. Позитивен тренд од јануари до декември бележат и придонесите кои достигнаа 102 отсто или два процента повеќе од планираното. Вкупните расходи на Буџетот се 243,7 милијарди денари или 96,4 отсто од годишно планираниот износ. Стоките и услугите се намалени за 85 проценти од ребалнсот или за пет отсто помалку од 2019 година, што е доказ за штедливото однесување на трошењето на јавните пари. Позитивни бројки се бележат и кај капиталните расходи кои во 2020 година изнесуваа 16,1 милијарда денари или 82 отсто од планираната реализација. Годината ја завршивме со буџетски дефицит од 53,9 милијарди денари или 8,1 отсто од проектираниот БДП.

Премиерот Заев ја повика опозицијата да го поддржи најголемиот проект, за клиничкиот центар.

„Ја повикувам опозицијата да го поддржат најголемиот проект, за клиничкиот центар, таму личи да застанеме сите заедно, сите етнички заедници, законот е во Собрание, нашиот предлог е опозицјата да има контролна улога на проектот, но народот сака да не види заедно“, истакна Заев.

И министерот за финансии, Бесими рече дека 2020 година беше исклучително тешка. Се случи најголемата економска и здравствена криза на светско ниво. Падот на БДП за 2020 е околу 4,4 отсто или, како што рече, скоро 11 пати е повеќекратен ефектот. Но, задржувањето на работните места и конкурентноста на компаниите останаа во фокусот на фискалните политики. Прватниот сектор и веруваше на Владата и инвестираше, рече Бесими и додаде дека очекува и годинава да биде тешка и полна со предизвици.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ