„Го повикувам Христијан Мицкоски јавно да каже дека го прифаќа 15 јули како конечен термин за избори. На крајот поодговорните прифатија. Не е во ред Владата да биде и Парламент и Влада, тоа не е здраво за демократијата во една држава. Ние треба да имаме политичка Влада која кога е конструирана и може да носи одговорност, граѓаните плаќаат Влада за да им биде на располагање кога им треба“, одговори на новинарско прашање лидерот на СДСМ Зоран Заев, на денешната прес-конференција.
Во однос на условите за избори на Мицкоски, за здравствените услови, протоколи и дали се потврди дека ОБСЕ доаѓа со набљудувачка мисија, Заев истакна дека здравствените протоколки се доставени пред 10 дена и дека нема поважно од тоа.
„Ова беа приказни за ВМРО-ДПМНЕ, не го спомнуваа тоа на средбите, протоколите се доставени пред 10 дена, нема поважно од тоа, апсолутно тоа секој го кажува. А сите лекари и медицински сестри погинаа од работа, трпение, односот и професионалноста, тие водат грижа. Убаво е што договоривме, тие протоколи се доставени и и ако треба ќе ги довршиме, кога ќе бидеме усогласени ќе бидеме поодговорни пред граѓаните“, додаде Заев.
Во однос на набљудувачката мисија на ОБСЕ, Заев истакна дека тие вчера објавиле дека од 19 јуни ќе ја започнат мисијата.
А. П.