• Latest
Екатерина Захариева

Захариева: Емоциите во Скопје и Софија мора да се смират за да се најде решение

January 13, 2021

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Спектакуларен успех на големиот магионичар Мицко – направи да ги снема македонскиот јазик и идентитет

July 4, 2025
Владата ја прекинa постапката за разрешување на државниот јавен обвинител, Љубомир Коцевски

Коцевски: Завршени вештачењата за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани и за Онкологија

July 4, 2025
Христијан Мицкоски, 2022 (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Мицкоски размислува да ја реши демографската криза со воведување даноци за немажени и неженети лица

July 4, 2025
Фото: скриншот Х

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 4, 2025

Прв Самит ЕУ-Молдавија: Членство во Унијата и финансиска поддршка пред парламентарните избори во Молдавија

July 4, 2025
фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Реален поткуп со државни пари – буџетот станува изборна алатка

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Захариева: Емоциите во Скопје и Софија мора да се смират за да се најде решение

January 13, 2021 12:22
in ВЕСТИ
Екатерина Захариева

Екатерина Захариева

Share on FacebookShare on Twitter

Бугарија ја направи темата за проширувањето крајно видлива во Европската унија, но се покажа дека е невозможно во оваа фаза да каже „да“ за рамката за преговори со Северна Македонија, затоа мислам дека емоциите мора да се смират, и во Скопје и во Софија, и да се најде решение, вели бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во интервју за софискиот весник „Труд“.

– Мислам дека кога емоциите ќе се смират во Бугарија, а особено во Северна Македонија и таа ќе почне да размислува и постапува порационално, ќе се види дека Бугарија никогаш не била непријател, туку напротив продолжува да биде искрен пријател. И кога сте искрен пријател, мора да ги посочите проблемите и да барате начин да ги решите, нагласува Захариева.

Според неа, европската перспектива на Западниот Балкан, вклучително и Република Северна Македонија, е главен двигател за реформите и за вистинско помирување во земји од регионот, па затоа проширувањето на ЕУ било главен приоритет на бугарското претседателство со Унијата.

– Бугарија го направи својот најлогичен избор како сосед на овие земји и од аспект на нашите национални интереси. Значи, ние не направивме никаква грешка. Во однос на моменталната состојба, мислам дека моите колеги, политичарите воопшто (не само Владата) во Република Северна Македонија никогаш не сфатија како работи Европската Унија. Тие не реагираа на време на предупредувањата на Бугарија, кои се случија и за време на состаноците на сите нивоа со тамошните политичари, па дури и по усвојувањето на декларацијата на бугарскиот Парламент. Ние постојано им објаснивме на пријателски начин дека договорите мора да бидат исполнети и дека нема кој да ја принуди Бугарија, како што беа доведени во заблуда во Скопје, да се повлече од потпишаниот договор, да го заборави и да ја заборави својата рамковна позиција. Ние ги предупредивме најмалку една и пол година пред да ги донесеме заклучоците за проширувањето од март 2020 година. Самиот став на бугарскиот Парламент беше одобрен една година порано, а пред оваа позиција ние сигнализиравме и повикувавме постојано за усогласување со договорот. Неисполнувањето на оваа обврска ја поткопува довербата на Бугарија во нивната искрена желба да го исполнат овој договор, додава Захариева.

Шефицата на бугарската дипломатија смета дека излезот од сегашната ситуација во односите меѓу Скопје и Софија лежи во враќањето на довербата.

– Ние работиме во оваа насока. Не застанавме, не се откажавме во никој случај. Ние работиме заедно на јасен план во спроведувањето на нашиот договор – да го надополниме изгубеното време. Постојат многу практични и јасни обврски што двете страни мора да ги прифатат, мора да има јасна определба дека работата на заедничката историска и образовна комисија повеќе нема да престане еднострано. Ние сакаме да видиме заложби, какви и одлуки да се донесат, тие не треба да останат само на ниво на одлуки на членовите на комисијата, туку да станат јавни, да влезат во учебниците. Се надевам дека кога ќе се вратиме на нашите заложби, ќе се врати довербата, наведува Захариева.

Во однос на проширување на ЕУ за време на португалското претседавање, Захариева нагласува дека ставот на Лисабон е оти со овој процес не треба да се брза, додавајќи дека лично се согласува со тоа и смета оти „нема смисла да се одржува состанок секој месец без да има напредок во однос на прашањата што се ставени на маса“.

– Бугарија не е непријател на Република Северна Македонија и колку побрзо го сфати тоа, толку побрзо ќе има корист за нејзините граѓани. Не очекувам притисок од португалските пријатели и колеги, ниту од некого друг. Ние мора да работиме заедно, вели Захариева.

Според неа, излузорно е да се верува дека при евентуална смена на власта во Бугарија по изборите во март, Софија би омекнала во својот став кон земјава и би отстапила од некои од своите барања.

– Ова се слуша од минатата година. Но, ретко, многу ретко, бугарскиот Парламент донесува едногласна одлука за кое било прашање. Ова беше случај со Рамковната позиција за Република Северна Македонија. Така што не очекувам нешто такво, истакнува Захариева.

Бугарската министерка потенцира дека основен принцип на ЕУ пред и за време на процесот на пристапување е да се решат сите проблеми и отворени прашања не само со членките на Унијата, туку и со соседите.

– Имаме голем број лоши примери на нерешени билатерални прашања и токму тоа ги прави земјите членки крајно внимателни во однос на проширувањето. Никој не е заинтересиран за вакво проширување и тоа мора да се сфати во Скопје. Да не се прават обиди за компромис со Бугарија со искривување на позицијата на нашата земја. Бугарија продолжува да биде пријател и да ја поддржува европската перспектива на земјите од Балканот, вклучително и Република Северна Македонија. Сепак, оваа поддршка не е безусловна. Условите се јасни – тие се европски, додава Захариева во интервјуто за „Труд“.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ