• Latest
Фото: А. Мехмети / ЦивилМедиа

Зајкова бара сеопфатен ветинг за државната служба и избраните и именувани лица од 1991 година до денеска

March 23, 2025
Христијан Мицкоски, 2022 (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Мицковски и неговите говори: Просто да ти е милина што сме „скандинавска земја“

May 9, 2025

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Зајкова бара сеопфатен ветинг за државната служба и избраните и именувани лица од 1991 година до денеска

March 23, 2025 13:08
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: А. Мехмети / ЦивилМедиа

Фото: А. Мехмети / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Целосен ветинг и детална проверка на избраните и именуваните функционери, но и на овластените инспектори, цариници, полицајци и сите критични професии, подложни на влијание и корупција, бара претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, соопштуваат од ЛДП.

„Трагедијата во Кочани и неизмерната тага која нѐ обви сите нас е врвот на проблемот, кој е многу подлабок е посуштински. Навистина е тажно што мораше да се случи ваков трагичен настан, за конечно да разбереме дека тука нешто мора да се промени и тоа мора да се промени брзо. Се надевам дека конечно и свеста кај сите ќе проработи. Живееме во многу корумпирано општество, каде со пари се купува сѐ, здравјето, образованието, лиценци, пресуди итн.“, вели Зајкова.

Според Зајкова, проблемот можеме да го лоцираме уште во 1990-тите години, односно од осамостојувањето и погрешно поставените темели.

„Погрешно е креиран системот. Направен е да ги штити големците и крупниот капитал наспроти интересот на граѓаните. Сведоци сме изминатите 30 години дека моќниците купуваат речиси сѐ и корупцијата е навлезена во секоја пора на нашето општество, за што сите ние сме колективно одговорни и сите мора да се согласиме дека е крајно време да се преземе нешто. Втора шанса нема да имаме“, заклучува Зајкова.

„Во нашата држава инспектори за една ќеса риби не пишуваат казни на ресторани, министри полнат гепеци на службени возила со килограми јаболка, на големо се плаќаат ручеци, вечери, викенди, летни и зимски одмори на оние кои се надлежни, додека цената ја плаќаат сите обични граѓани и тоа најчесто, на најлошиот можен начин. Затоа потребен ни е сеопфатен и детален ветинг на работата на сите кои вршат некаква функција, но и на овластените инспектори, цариниците, полицијата и сите останати специфични професии, кои имаат надлежности во рамки на системот на владеење. Колку што се виновни функционерите, подеднакво виновни се и оние кои со својата секојдневна работа овозможиле да стигнеме до тука и ова мора еднаш засекогаш да престане. Заслужуваме да живееме во поправедно и чесно општество, како што живеат нашите сограѓани од ЕУ, нешто што и ние како држава целиме да го постигнеме. Да не чекаме нови трагедии, да превенираме“, вели Зајкова и додава дека сега е клучен момент да се преземат одлучни чекори и конечно да започне вистинска борба против корупцијата.

Од ЛДП велат дека „трагедијата со пожарот кој вечерта помеѓу недела и понеделник ја зафати дискотеката Пулс во Кочани, во која животот го изгубија 59 млади луѓе е последна во низата трагедии кои се случија во изминатите неколку години, покрај пожарот во модуларната болница во Тетово, трагедијата со автобусот на Дурмо Турс во Ласкарци, но и автобуската несреќа на Беса Транс во Бугарија – производи на корупцијата и ставањето на профитот пред човечкиот живот и благосостојба“, пренесе МИА,

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ