• Latest

Законот за дивоградби е со единствена цел-да се стави крај на бесправното градење, смета Заев

May 15, 2021

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Законот за дивоградби е со единствена цел-да се стави крај на бесправното градење, смета Заев

May 15, 2021 13:48
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ова е последно носење закон со конечна цел, да заврши бесправното градење од независноста на државата, па дури и претходно, за време на поранешна Југославија. Единствената порака што треба да се испрати е дека не се исплати да се гради на диво“, изјави премиерот Зоран Заев денеска како одговор на новинарско прашање во врска со одлуката на претседателот Стево Пендаровски, да не го потпише Законот за легализација на дивоградбите.

По непотпишувањето од страна на шефот на државата, Законот, потсети Заев, се враќа во собраниска процедура.

Според премиерот, освен забелешките на Пендаровски, во повторната дискусија за Законот внимателно ќе бидат ислушани и реакциите од јавноста. Тоа е демократија, на крај да се вградат сите неопходни елементи и Парламентот да се изјасни во кој правец ќе се турка работата околу Законот за легализација.

„Повторно ќе дискутираме во Парламентот, зашто ако со Законот застанеме тука, службите треба веднаш да тргнат и да ги рушат преку 50-те илјади домови на граѓаните“, дециден е Заев.

 

Со Законот, како и до сега, нема да се легализира секој бесправно изграден објект. Законот за легализација, нагласи премиерот, дава можност за остварување право на сочувување на домот пред се на граѓаните кои се под прагот на сиромаштијата.

„Законот досега е јасен. Ако одреден објект не е легализиран по законите, а законите завршија за легализација, тие треба да се отстранат, односно ако инспекторот не постапи кривично одговара, т.е. доколку градоначалникот не постапи, кривично одговара, односно соодветно републичкот инспектор и самиот министер за транспорт и врски. Ова е суштината на дебатата што се водеше и верувам дека Парламентот ќе ја продискутира. Дополнително, може да ги зајакнат оние укажувања што претседателот на државата ги изнесе за добивање решение за легализација на објекти во заштитени подрачја зашто дефинитивно и прогласувањето на националните планови, односно плановите под заштита определуваат строго заштитено подрачје, развојно подрачје  и сите други категориизации. Но, може Парламентот, а  можеме и ние како Влада дополнително да ги зајакнеме критериумите затоа што законите и сега кажуваат во кои начини и во каква постапка некој може да легализира“, истакна Заев.

Има објекти, посочи, кои се времени градби и тие не подлежат на правото на легализација. Има објекти со несоодветни намени на плановите и тие не подлежат на легализација.

Тој повтори дека Владата има обврска да носи решенија, како што имаат обврски и општините и градот Скопје. За случајот со Стевчо Јакимовски, пак, премиерот истакна дека не може сите да легализираат, а некои кривично да одговарат. И тој може да ја продолжи постапката за легализација кога се носат вакви одлуки.

„Затоа дојде до вакво решение за продолжување на легализацијата со 50 посто повеќе за плаќање, но пред се доминантно заради заштита на домовите, куќите и живеалиштата на посиромашните граѓани. Кога се носи ваква одлука, да се даде шанса тие преку 50.000 објкети да се легализираат, тогаш не можете тие претходните кривично да ги гоните. Не е уставно. Ако алудирате на Јакимовски, тој има три кривични дела колку што знам, прочитав од ЈО. Двете кривични пријави немаат врска со легализацијата, а во едната кривична пријава има повеќе од три обвиненија, од кои едното е само за легализација на објект. Така да, дефинитивно кога предлагате како институции ги гледате соодветно поставено. Не може сите да легализираат, а некои кривично да одговарат. И тој може да ја продолжи постапката за легализација кога носите вакви одлуки“, рече Заев.

Во однос на парцелата кај Холидеј ин, премиерот подвлече дека законите мора да се почитуваат.

„Во нашата земја има закони и тие треба да се почитуваат. Не може државата кога сака и како сака да ги менува законите, зашто правото на купување на одредено градежно земјиште, правото на добивање или одбивање одобрение за градба е согласно законите. Она што е нејасно во јавноста до сега, според сите мои информации, пред се министерот за транспорт врски, градот Скопје и Општина Центар се водат од одлуката дека „флеката“ што е поставена на урбанистичкиот план е причина за загрозување, односно за негативен став кон идните градби. Ако во одреден урбанистички план имате определено темна боја која во урбанизмот се вика флека на градење, внатре таа не се користи целосно. Може да го видите детално предлогот за добивање одобрение за градба, гледате дека под 50 отсто на целата површина за градење е дозволена за градење“, рече премиерот.

Според него, веќе не е дозволиво паркинг да се решава надвор од парцелата и неприфатливо е да се прават монтжни пакринзи.

„Самото по себе тоа е ограничувачки фкатор. Истовремено, во Законот за просторно и урбанистичко планирање се воведени критериуми и параметри за најмалку зелени површини. Ако имате површина од 12.000 квадрата, а 6 000 квадрати се зелени површини или паркинг простор, тоа апсолутно е дослухот на граѓаните за стоп на мегаламанството при градба и урбаното насилство. Знаете дека таму беа предвидени 60 катници, тие се намалени на 22, 21 кат“, рече Заев.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ