Во Собранието со 53 гласа „за“, три „воздржани“ и еден „против“ денеска се донесоа измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини, по скратена постапка, со кои се предвидува да не може да се додели концесија за експлоатација на минерални суровини за постапки со лужење или флотација на металични минерални суровини со цијаниди или со сулфурна киселина во рудници со отворен коп.
Да потсетиме, во битката за затворање на Казандол најгласни и можеби единствени кои на дело покажаа дека граѓанските здруженија и иницијативи што неуморно протестираа и апелираа и извојуваа распишување на референдум на локално ниво во неколку општини во југоисточниот регион. ЦИВИЛ беше единствената организација што обезбеди неутрално набљудување на шесте референдуми во југоисточниот дел на Македонија во 2016 година и ги забележа сите аспекти на овие процеси. Партијата ДОМ беше невидлива и нечујна во тој период.
Б. Јордановска