• Latest

Законот за работни односи оди на второ читање

July 19, 2021

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Законот за работни односи оди на второ читање

July 19, 2021 14:03
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Членовите на собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска го разгледаа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, во прво читање и едногласно оценија дека е прифатлив и може да се даде на натамошно, на второ читање.  Со овој Предлог-закон се определува недела како ден на неделен одмор за сите, со одредени исклучоци кај работодавачи во дејностите каде работниот процес не дозволува да се направи прекин на работниот процес.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска образложи дека ова законско решение е наменето за работниците и додаде оти не сакаат да има отпуштање на работници. Посочи на подготовката на ова законско решение и на помошта од Сојузот на стопански комори, кој, како што рече, направи анкета кај своите членки и врз основа на таа анкета околу 70 отсто се изјасниле дека е прифатливо ова решение и дека треба како такво да се процесира.

-Дополнително, на седниците на Економско социјалниот совет двата главни партнери, покрај нас, како предлагач, како министерство, Организацијата на работодавачи застана и го брани ова законско решение, се согласни во делот на надоместокот, рече Шахпаска.

Министерката Шахпаска посочи дека драстично ќе се промени сликата во градовите низ земјава, нема да работат супермаркетите, ништо нема да работи, освен големите молови. Нагласи дека ова решение е голема придобивка, не е избрзано затоа што, како што рече, се работеше низ една долга процедура, цели шест месеци, ја слушнавме јавноста.

Со предложените измени на Законот за работни односи денот недела е ден за неделен одмор. Со оваа измена, според министерката Шахпаска, се прави баланс на приватниот и професионалниот живот на работниците.

За околу 92 проценти од работниците во државата недела ќе биде ден на неделен одмор.

Работниците во дејностите кои се неопходни да функционираат, ќе добиваат за 50 отсто повисока дневница. Трговските центри во недела ќе работат само во една смена, од 10 до 18 часот, а вработените ќе добиваат 100 отсто повисока дневница за работа во недела.  Трговските субјекти во моловите ќе имаат обврска да уплаќаат износ во висина од 2 отсто од остварениот промет во недела во Буџетот, а овие средства ќе бидат искористени за основање на нови детски градинки.

За спроведување на овој закон се потребни дополнителни финансиски средства од државниот Буџет. Врз основа на расположливите податоци за бројот на вработени во јавен сектор, кои би работеле во недела ( 30 проценти), просечната плата во земјата се проценува дека фискалните импликации би изнесувале околу 43.100.000 денари месечно, односно 516.600.000 денари на годишно ниво.

На седницата не беше усвоен предлогот од пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ да се одржи јавна расправа на тема законско решение „Недела неработен ден“. Според пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, местото за јавна расправа е во Собранието, а владејачкото мнозинство бега од соочување со аргументите, јавните дебати и соочување со јавноста. За денес, како што велат, не се консултирани Сојузот на синдикатите, Стопанските комори, ниту пак експертската јавност.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ