• Latest

Законското решение за недела неработен ден по Нова година во собраниска процедура

December 25, 2020
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Законското решение за недела неработен ден по Нова година во собраниска процедура

December 25, 2020 14:55
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Средствата ќе им бидат исплатени на граѓаните согласно законското решение. Ние од тоа не се откажуваме, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска за исплатата на 6.000 денари од четвртиот пакет финансиска поддршка од Владата која, меѓу други категории граѓани, им следува и на самохрани родители.

На новинарско прашање како и кога ќе се разгкедаат околу 70 илјади приговори ако е рокот поминат, таа одговори дека поминале роковите за приговори доколку некој не влегол во системот на четвртиот пакет на финансиска помош, комисија сега ги разгледува жалбите и во следниот период ќе биде донесен заклучок кои ќе бидат прифатени.

-Законскиот рок за разгледување на приговорите според информациите од Генералниот секретаријат е во период од 10 дена. Значи, доколку ние го даваме тој рок од 10 дена за да може да се усвојат дел од приговорите, секако дека Владата ќе изнајде начин за овие средства да бидат трансферирани на сметките на граѓаните, рече Шахпаска, но не прецизираше како ќе бидат опфатени приговорите по рокот.

Законот се менува во Собрание, меѓутоа согласно жалбениот период и периодот на приговори, рече, секако дека постои начин и алатка како тоа ќе се премости.

За исплата на 6.000 денари за самохраните родители барањата се поднесувале, рече, преку центрите за социјална работа, а МТСП  понатаму нив ги процесира до Генералниот секретаријат на Владата каде што треба да тече исплатата.

Во однос на законската одредба недела  да биде неработен ден, министерката одговори  дека се завршени консултациите за ова прашање за кое се дискутира месец и пол и очекува на почетокот на идниот месец измените на Законот за работни односи да бидат во собраниска процедура. Постојат дилеми во одредени области, рече, и затоа им било потребна темелна анализа за да ги соочат аргументите за и против на сите заинтересирани страни.

-МТСП ја изработи драфт-верзијата, ја предочивме на сите членови односно партнерите во социјалниот дијалог, се уште во општеството има интерес за ова законско решение – за и против, меѓутоа ние не се откажуваме.  Верувам дека по Нова година законското решениеќе ќе влезе во собраниска процедура и ќе биде изгласано во интерес на оние заради кои го носиме. Дилемите се околу тоа кој треба да биде опфатен со недела неработен ден, односно кои дејности во државата треба да функционираат – здравството, полицијата, социјалната служба, центрите за детска заштита, старските домови, противпожарните служби, комуналните служби.  Тоа се витално важни дејности без кои оваа држава не може да функционира, рече Шахпаска одговарајќи на новинарски прашања по отчетот за сто дена од мандатот. /МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ