Автомобил „сеат леон“ со винички регистарски таблички ноќеска е запален во Виница. Дел од медиумите објавија дека станува збор за автомобилот на пратеничката на СДСМ Славица Шуманска-Митева.
Случајот е евидентиран и во билтенот на Министерството за внатрешни работи каде се наведува дека непознати лица синоќа околу 1:30 часот на улицата „Славчо Стојменски“ го скршиле стаклото на возилото по што во внатрешноста истуриле запаллива течност.
На местото на настанот е извршен увид од страна на полицијата.
Фото: МИА архива
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.