• Latest

Започнува еден од најважните инфраструктурни проекти, „Бехтел и Енка“ стартуваат со градежните работи на Коридорот 8

September 12, 2023
Фото: ЦИВИЛ

Отворен јавен повик: Студентите добиваат ваучери за електронски уреди

November 17, 2025
Скриншот од видео на UNITED 24

По 39 години од нуклеарната катастрофа, нова трагедија предизвикана од Кремљ: Вдовицата на првата жртва од Чернобил  убиена во рускиот напад врз Кијив 

November 17, 2025
Фото: Фејсбук Јетмир Асани

Ноќна забрана за фрлање ѓубре: Скопје воведува казни од 50 до 1.800 евра

November 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

САД го означуваат венецуелскиот картел како странска терористичка организација

November 17, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп ги охрабрува републиканците да гласаат за објавување на досиејата на Епштајн, означувајќи силен пресврт

November 17, 2025
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Започнува еден од најважните инфраструктурни проекти, „Бехтел и Енка“ стартуваат со градежните работи на Коридорот 8

September 12, 2023 13:01
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Започнува еден од најважните инфраструктурни проекти во историјата на Македонија. Во село Горна Бањица денеска ќе се изврши минирање со што стартуваат градежните работи на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за пробивање на трасата на автопатот Гостивар Букојчани (30,1 километар) на Коридорот 8.

На настанот е најавено присуство на  првиот вицепремиер и координатор на активностите за изградба на коридорите 8 и 10д  Артан Груби, министерот за транспорт и врски г-дин Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта г-дин Ејуп Рустеми.

Со Договорот што го потпиша Владата со „Бехтел и Енка“ е предвидена изградба на автопатските делници Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани,  Требеништа – Струга – Ќафасан на Коридорот 8 и на автопатската делница Прилеп – Битола на Коридор 10д.

До проектната единица  – Јавното претпријатие за државни патишта, веќе се доставени инфраструктурни проекти за сите делници, освен за Требешништа-Струга-Ќафасан. Доставени се и елаборати за експропријација за Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани, а до крај на месецов се очекуваат елаборати и за Прилеп-Битола.

На „Бехтел и Енка“ досега им се исплатени две транши, од 117 милиони евра  и од 53 милиони евра,  согласно со Програмата за финансирање патна инфраструктура за проектот Коридор 8 и Коридор 10д за 2023 година, со којашто за годинава се предвидени вкупно 243 милиони евра.

Потпишана Одлуката на Европската комисија – Коридорот 8 влегува во мрежата на главни коридори во регионот и во ЕУ

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на министерскат конференција во Црна Гора посветена на поврзаност на земјите од Западен Балкан, а во организација на Секретаријатот на транспортната заедница и ЦЕФТА, во јуни оваа година, го потпиша Анексот на Одлуката на Европската комисија – „Разбирање на високо ниво помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија за индикативните карти на Транс-европската транспортна мрежа во Република Северна Македонија”, со кој Коридорот 8 станува дел од мапата на главни коридори на Западен Балкан, во рамки на проширувањето на Транс-европските транспортни мрежи на Европската Унија.

Целта на развојот на Транс-европските транспортни мрежи (ТЕН-Т) е обезбедување непречен, одржлив и ефикасен транспорт низ Унијата, зајакнувајќи го социјалното, економското и територијалното единство. На Конференцијата, покрај министерот Бочварски, присуствуваа и министри за транспорт и инфраструктура на земјите од регионот, како и претставници на Транспортната заедница и Европската комисија.

Договорот со „Бехтел и Енка“ е направен според меѓународно признати FIDIC правила

„Меѓународните договори, особено во градежништвото, се градат по меѓународно признати стандарди, тоа се FIDIC правилата и познато е дека постојат жолт и црвен FIDIC. Ова е еден хибрид помеѓу жолт и
црвен FIDIC, го викаат виножито FIDIC. Во што е разликата? Ако во жолтиот FIDIC изведувачот и проектира и изведува, во црвениот државата проектира, а изведувачот изведува, овде е нешто измеѓу затоа што во суштина сепак надзорот ќе мери колични и ќе мери што ќе се направи“, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во „Утрински печат“.

Тој додаде дека во договорот има клаузула која зборува за приватност и доверливост со што се одредува тајноста на самиот договор и таму е кажано дека секое објавување на детали од договорот без притоа изведувачот да даде согласност за тоа е нарушување на оваа клаузула и може да го доведе во прашање самиот договор и секако други репрекусии кои што нормално функционираат во секој потопишан договор.„Доколку изведувачот каже да, јас сакам да ги покажете сите делови од договорот, поинаку ние тоа не смееме да го направиме. Тоа е основното начело. Но, тајноста се однесува на деловните процеси кои што самиот изведувач ги користи. Ние секако ги обзнанивме информациите како чинењето на самиот проект, временскиот период, начинот како се спроведува“ рече Битиќи. Вицепремиерот додаде дека ова не е класичен договор во кој што имате пресметка, па кажувате цена по единици, па после испаѓа плус 100 отсто.

„Овде од почеток се дава цена за целиот автопат, во кој што изведувачот го презема одредениот ризик за сите непредвидени работи. Затоа е признаено дека тоа може да биде варијација од 20 отсто т.е цената е 20 отсто повисока затоа што ризикот е преголем“ рече Битиќи.

 

Агелер: „Бехтел“ работи транспарентно и законски, опозицијата критикува заради политички поени

Американската амбасадорка во Северна Македонија, Анџела П. Агелер е уверена дека процесот во кој е инволвиран „Бехтел“ е целосно транспарентен и законски, бидејќи, како што вели, тоа е начинот на кој функционира оваа компанија, во спротивно не би имала проекти насекаде во светот и неколку во регионот на Западен Балкан.

 

 

 

Агелер во интервју за МИА изрази разочарување поради тоа што опозицијата без да располага со сите факти и информации го критикува проектот, нагласувајќи оти тоа го прави од политички причини, за добивање политички поени.

Во врска со разногласијата на власта и опозицијата за договорот со „Бехтел и Енка“, при што за првата тоа е договор на столетието, а за втората грабеж на столетието, но и за нејзиното присуство на свечениот настан, кое јавноста го прими како нејзина поддршка за проектот, Агелер нагласува дека таа како амбасадорка и Американската амбасада прават се што е во нивна моќ за промоција на американските инвестиции во земјава.

Агелер нагласи дека тоа е во интерес не само за американските инвеститори и компании, туку тоа е мошне поволно и за граѓаните на оваа земја.

-Сметам дека мошне е разочарувачки тоа што тие во опозицијата критизираат без сите факти или критизираат нешто за што немаат информација. Тоа го прават едноставно само за да бидат против Владата, да тоа е работа на опозицијата, но истовремено сум целосно уверена дека процесот во кој е инволвиран „Бехтел“ е целосно транспарентен и законски, бидејќи тие работат на тој начин, инаку не би имале проекти насекаде во светот и одреден број тука во регионот на Западен Балкан, ако не беа доверлива компанија и граѓаните на оваа земја ќе бидат мошне среќни да ги имаат коридорите 8 и 10 д, кога ќе бидат комплетирани. Разговорите мислам се уште траат, но сметам дека е жално што има такви, кои ќе застанат на патот едноставно за да заработат политички поени, нагласи Агелер.

Во врска со разногласијата на власта и опозицијата за договорот со „Бехтел и Енка“, при што за првата тоа е договор на столетието, а за втората грабеж на столетието, но и за нејзиното присуство на свечениот настан, кое јавноста го прими како нејзина поддршка за проектот, Агелер нагласува дека таа како амбасадорка и Американската амбасада прават се што е во нивна моќ за промоција на американските инвестиции во земјава.

Агелер нагласи дека тоа е во интерес не само за американските инвеститори и компании, туку тоа е мошне поволно и за граѓаните на оваа земја.

-Сметам дека мошне е разочарувачки тоа што тие во опозицијата критизираат без сите факти или критизираат нешто за што немаат информација. Тоа го прават едноставно само за да бидат против Владата, да тоа е работа на опозицијата, но истовремено сум целосно уверена дека процесот во кој е инволвиран „Бехтел“ е целосно транспарентен и законски, бидејќи тие работат на тој начин, инаку не би имале проекти насекаде во светот и одреден број тука во регионот на Западен Балкан, ако не беа доверлива компанија и граѓаните на оваа земја ќе бидат мошне среќни да ги имаат коридорите 8 и 10 д, кога ќе бидат комплетирани. Разговорите мислам се уште траат, но сметам дека е жално што има такви, кои ќе застанат на патот едноставно за да заработат политички поени, нагласи Агелер.

Бенефит од изградбата на автопатиштата

Со Коридорите 8 и 10д за прв пат како држава се поврзуваме кон запад и исток, а не како досега само поврзување север и југ. Се поврзуваме со пристаништето во Драч и со пристаништето во Бургас. За споредба, досега имавме пристап само до пристаништето во Солун. Трасите каде што ќе се градат делниците отвораат дополнителни можност за изградба на нови објекти од различни дејности, како што се бензиски пумпи, ресторани, хотели, одморалишта, деловни објекти. Тоа се нови можности за отворање на нови работни места, за вработување на жителите од регионите каде што ќе поминуваат автопатските делници од коридорите.

Како што потенцираат од Владата, со реализацијата на овој стратешки проект, во кој е предвидено да се вклучат домашни компании, значи нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП за 2% годишно во наредните пет години.

Со изградбата на овие два коридори, од кружен тек на Балканот, Северна Македонија конечно станува вистинска крстосница на Балканот, можност да бидеме на сообраќајната и економската карта на Европа.

Ј. Ѓ./ ФРОНТЛАЈН 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ