• Latest
Диво Насеље, Куманово

Започнува судењето за кумановско “Диво Насеље”

February 8, 2016

24 ЧАСА: ДИК избра нови членови на ОИК; косовското собрание доби претседател по 58 обиди; Украина онеспособи 17% од нафтените капацитети на Русија; во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

August 26, 2025

Лажна фотографија од Запорижја разобличена како руска пропаганда, дистрибуирана и локално

August 26, 2025
Фото: Скриншот

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025
Бердјанск, Украина

Украина го осуди незаконското вклучување на пристаништата Бердјанск и Мариупол во пописот на руски пристаништа

August 26, 2025
Илустрација: ВИ

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025
Скриншот од видеото на кое наводно се гледа како пламенот се издига од руската рафинерија Рјазан при напад со беспилотно летало во текот на ноќта на 26 јануари 2025 година. Андриј Коваленко / Телеграм

Украина онеспособила најмалку 17% од капацитетот на рафинериите за нафта во Русија

August 26, 2025

Албански блок 2025: Улогата на Тирана и Приштина – помош, влијание или напуштање на автономијата?

August 26, 2025
Фото: МИА архива

ВЛЕН до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск тивко ги стопира плановите за нова политичка партија, додека се соочува со тужба за организирање нелегална изборна лотарија од 1 милион долари

August 26, 2025

Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

August 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Започнува судењето за кумановско “Диво Насеље”

February 8, 2016 15:11
in Uncategorized
Диво Насеље, Куманово

Диво Насеље, Куманово

Share on FacebookShare on Twitter

Судењето за 29 обвинети во случајот “Диво Насеље”, започнува утре, со закажано првото рочиште, во Основниот суд во Скопје. На обвинетите во случајот ќе им се суди за тероризам и нарушување на уставниот поредок, дела за кои се предвидени казни од 8, 10 години и доживотен затвор. Обвинетите ќе одговараат за нападите врз македонската полиција кои се случија на 9-ти и 10-ти мај 2015, во кумановската населба „Тоде Мендол“ (Диво Насеље), во кои беа убиени осуммина полицајци, а 50 беа повредени.

ЦИВИЛ – Центар за слобода, постојано бара од МВР и од останатите надлежни институции, да ги разјаснат сите сомневања кои се појавија околу овој контроверзен и трагичен инцидент. Особено, со оглед на времето кога се случи инцидентот, пред сѐ, во поглед на длабоката политичка криза, на протестите на македонските граѓанки и граѓани ширум земјата поради полициската бруталност и содржините на објавените опозициски „бомби“, како и пред најавениот, протестен минтинг на 17-ти мај, на кој  повеќе од 10.000 луѓе, бараа оставка на Владата.

Диво Насеље
Диво Насеље една недела по „војната“

За ЦИВИЛ, неприфатливо беше објавувањето на информации за бројот на убиени напаѓачи во акцијата, затоа што МВР, првично информираше дека биле убиени 14 терористи, а Јавното обвинителство на 17 мај соопшти дека загинале 10 припадници на терористичката група. И овие различни бројки, соопштени од две институции, се илустрација за (не)професионалноста во вршењето на деликатна работа.

Исто така, по приведувањето на сите осомничени, надлежните институции беа обвинети за тортура врз приведените, осомничени за тероризам. Како што тогаш изјави омбудсманот Иџет Мемети, притворените биле малтретирани и измачувани. ЦИВИЛ и тогаш побара, од надлежните институции да му дозволат на правобранителот Мемети да ги посети притворените во истражниот затвор во Шутка, а Мемети и на денешната прес конференција, уште еднаш потврди, дека постојат докази за малтретирање на притворените од службени лица: „Ова не се мои констатации, туку се работи за вербални и материјални докази“.

Од апсењето досега, обвинетите се изјаснуваа како невини, а според одбраната, обвинението е неосновано. Обвинителство тврди дека обвинетите се дел од групата која планирала и организирала терористички активности во Македонија, кои завршија со крвавата пресметка на 9-ти и 10-ти мај.

Марија Теговска

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ombudsmanДиво НасељеОсновен судЦивил - Центар за слобода
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ