• Latest

Запрени градежните работи во заштитената зона на манастирот Дечани

May 27, 2018

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Запрени градежните работи во заштитената зона на манастирот Дечани

May 27, 2018 12:42
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Косовските власти, по бројните реакции од домашните српски, но и на меѓународните фактори, ги прекинаа работите на изградбата на патот од Дечани до местото Плав во Црна Гора, кој треба да поминува низ заштитената зона на манастирот во Дечани, јави дописникот на МИА од Приштина.

По започнувањето на градежните работите реагираа Српската православна црква и партијата Српска листа, по што уследи и реакција на Мисијата на ОБСЕ во Косово.

– Го следиме со загриженост она што се чини дека е незаконско градење на пат внатре во Посебната заштитена зона (СПЗ) на манастирот во Дечани. Ја поздравуваме денешната одлука за запирање на работите во СПЗ. Набљудувачката мисија на ОБСЕ потврдува дека работите на патот попладнево се запрени и тешката машинерија е повлечена од СПЗ, соопшти ОБСЕ.

Американскиот амбасадор во Косово Грег Делави исто така го поддржа прекинувањето на работите.

– САД целосно се согласуваат со изјавата на ОБСЕ, напиша Делави на Твитер.

По прекинувањето на работите на патот Дечани-Плав се огласи и Рашко-призренската Епархија на СПЦ.

– Благодарение на низа меѓународни иницијативи во текот на денот косовските власти престанаа со незаконските работи на патот во заштитената зона на манастирот Дечани и тешката машинерија е наводно повлечена. Се надеваме дека косовските власти во иднина ќе го почитуваат своето законодавство и меѓународните обврски, се вели во соопштението на Епархијата.

Tags: градежни зафатизаштитна зонаманастирот ДечаниПатПриштина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ