• Latest

Запрена е постапката за утврдување недозволена медиумска концентрација кај ТВ 24 вести

April 13, 2018

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Запрена е постапката за утврдување недозволена медиумска концентрација кај ТВ 24 вести

April 13, 2018 15:54
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на Агенцијата за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) на денешната седница едногласно донесе решение за запирање на постапката за утврдување на постоење недозволена медиумска концентрација кај ТРД 24 ВЕСТИ ДООЕЛ Штип.

По образложението од стручните служби на АВМУ, членовите на Советот констатираа дека нема законска основа за недозволена медиумска концентрација.

Постапката беше покрената на седницата на Советот на 22 февруари годинава по поднесено барање од заинтересирана странка да се испитаат сознанија врз основа на интервју на сопственикот на операторот „Роби“.

Како што појаснија на седницата претставници на стручните служби на АВМУ, иако дел од изјавите упатувале дека постои поврзаност на операторот со радиодифузерот. Агенцијата побарала податоци од УЈП  дали во периодот од 2013 до 2017 година се евидентирани  позајмици  кон ТВ 24 вести. Од УЈП, како што беше наведено, одговориле дека  врз основа на контролата кај овој даночниот обврзник  утврдиле оти немало позајмици во 2013, 2014 и 2015 година. Позајмици имало во 2016 и 2017 година, но во моментот на надзорот биле  вратени.

Во решението за прекинување на постапката АВМУ ја зема предвид и  завршната сметка на операторот за минатата година со која не биле утврдени  побарувања и обврски помеѓу операторот и радиодифузерот, како и изјавата од управителот дека не постои  медиумска концентрација и оти во 2017 година приходот за емитување рекламни спотови за операторот кој го остварила телевизијата врз основа на издадени фактури е 6,5 отсто од вкупниот приход.

– Податоците покажуваат дека ниту едно од физичките и правни лица кои се основачи и управители на радиодифузерот не се јавуваат како основач  или управител на други правни лица трговски друштва  во Македонија, наведоа на седницата стручните служби на АВМУ.


Извор: МИА

Tags: 24 ВестиАВМУрешение
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ