• Latest
Фото: МИА Архива

Заседание на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови

May 16, 2024

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Заседание на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови

May 16, 2024 07:34
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: МИА Архива

Фото: МИА Архива

Share on FacebookShare on Twitter

Поддршката за Украина, имплементацијата на концептот за операции и на одбранбените планови, подготовките за јулскиот Самит на НАТО, како и прашања од стратешко значење за сојузниците, ќе бидат темите на денешното заседание на Воениот комитет на Алијансата на ниво на началници за генералштабови на земјите членки на Пактот во Брисел.  Со заседанието ќе претседава претседателот на Воениот комитет, адмирал Роб Бауер, а на почетокот на собирот ќе се обрати и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој, според најавите, ќе се осврне на клучните приоритети и предизвици на Алијансата.

Во рамките на првата сесија на заседанието, со која ќе претседава врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, генерал Филип Лавињ, началниците ќе се фокусираат на имплементација на концептот за операции во повеќе домени и на Агендата за развој на војувањето, која го надополнува Планот за воената трансформација на НАТО за следните дваесет години.

Предвидени се и поопсежни дискусии во врска со усогласувањето на операциите и планирањето на одбраната во рамките на Процесот на одбранбено планирање на НАТО.

На посебна сесија, врховниот командант на Силите на НАТО во Европа, генерал Кристофер Каволи ќе ги информира началниците за напредокот постигнат во имплементацијата на плановите од Концептот за одвраќање и одбрана на евроатлантската област (ДДА), што беа усвоени на ланскиот Самит на Алијансата во Вилнус, а во рамки на подготовките за претстојната средба на врвот во Вашингтон.

Во рамките на оваа сесија предвидено е да се одржат и дискусии за воената способност, интегрирана воздушна и ракетна одбрана, капацитетите на одбранбената индустрија и за општествената отпорност.

Како дел од заседанието ќе се одржи и состанок на Советот НАТО-Украина на ниво на началници на генералштабови, на кој е предвидено присуството и на началникот на Генералштабот на украинските Вооружени сили. Советот ќе расправа за ситуацијата на теренот поврзана со руската агресија врз Украина, како и за поддршката на државата од страна на НАТО и неговите земји членки.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: НАТО
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ