• Latest
Eggs are packed to be sold at a poultry farm in Wortel near Antwerp, Belgium August 8, 2017. REUTERS/Francois Lenoir

Засилени контроли на јајцата пред Велигден, нова регулатива од 2019-та

March 20, 2018

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Засилени контроли на јајцата пред Велигден, нова регулатива од 2019-та

March 20, 2018 09:40
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Eggs are packed to be sold at a poultry farm in Wortel near Antwerp, Belgium August 8, 2017. REUTERS/Francois Lenoir

Eggs are packed to be sold at a poultry farm in Wortel near Antwerp, Belgium August 8, 2017. REUTERS/Francois Lenoir

Share on FacebookShare on Twitter

Засилени се инспекциските контроли за безбедноста и квалитетот на јајцата пред велигденските празници.

Покрај контролите на магацините, зајакнати контроли се спроведуваат и на граничните премини, при увоз, со цел на граѓаните да им се понуди безбеден и квалитетен производ, истакнал директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов на состанок со претставници од Групацијата за живинарство при Стопанската комора на Македонија.

Атанасов нагласил дека секоја недоследност во однос на квалитетот на јајцата, граѓаните и компаниите можат да го пријават во АХВ врз основа на што ќе биде спроведена и инспекциска контрола.

Компаниите, пак, побарале инспекциските контроли при увоз да обрнат внимание дали јајцата го имаат кодот на државата од каде потекнуваат, за да се спречи можноста од манипулации, на домашниот пазар како македонски да се пласираат јајца од увоз.

Како што стои на веб-страницата на АХВ, подготвена е тригодишната Стратегија за благосостојба на животните во која еден од приоритетите е и живинарството. Согласно европските регулативи, на први октомври идната година, производителите на јајца треба да го имаат имплементирано новиот, збогатен систем за одгледување несилки согласно европските правила за благосостојба на живината, кои се содржани и во нашиот закон. Фармите ќе треба да направат адптација на постоечките или да набават нови кафези за несилки, зошто оние кои сега се употребуваат, не ги задоволуваат новите критериуми, кои бараат помала населеност на живината.

– Еднаш, на барање на производителите на јајца, воведувањето на новиот систем беше одложено, но, заклучно со септември 2019 година, промените на фармите ќе мора да се направат, потенцирал директорот.

На состанокот во Комората што се одржал минатата недела, присуствувал и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Никола Бабовски. Тој ги охрабрил одгледувачите на живина, членки на Групацијата, да аплицираат за кофинансирање на проектите од ИПАРД и да го усогласат и осовременат производството согласно новите барања.

– Оваа категорија производители може да аплицира за првата и третата мерка од оваа програма, за што годинава, во мај и во почетокот на есента ќе бидат објавени уште два повика. ИПАРД не условува при аплицирање да ги имате исполнето европските стандарди, туку тие треба да се исполнат со финансиска поддршка на овој инструмент. Затоа од ваша страна, стандардите треба да бидат имплементирани со заокружување на проектот, што е услов за кофинансирање на инвестицијата, подвлекол Бабовски.

Покрај средства од ИПАРД, одгледувачите на живина можат да ја користат и поддршката од националните програми за да го осовременат производството.

– Имплементацијата на новиот, збогатен систем за одгледување на несилки е неминовен, а тој налага или да ја намалиме популацијата на несилки или да набавиме нови кафези во фармите. Ова повлекува нови, поголеми инвестиции што реално ќе се одразат и на зголемување на цената на овој прехранбен производ, рече Абдулезел Догани од компанијата Везе Шар, претседател на Групацијата за живинарство при Комората.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Велигденјајцаконторли
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ