• Latest

Заев: Максимална казна – јасна порака за случајот со девојчето од Домот „25 мај“

February 22, 2018

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Максимална казна – јасна порака за случајот со девојчето од Домот „25 мај“

February 22, 2018 15:34
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање во врска со последните случувања поврзани со штитеничката од домот „25 Мај“ рече дека е поддржувач на максимална казна за ваквите појави, затоа што само така ќе се испрати пораката никогаш да не се повтори.

– Јас сум еден од поддржувачите на максимално казнување, заради тоа што само преку максимални казни ќе ја испратиме пораката тоа да не се повтори никогаш повеќе, рече Заев одговарајќи му на пратеникот Амди Бајрам.

Премиерот истакна дека ова монструозно нешто што му се случи на девојчето од „25 Мај“ не треба да му се случи на ниту едно дете без разлика дали е во домовите или со своите семејства.

– Директорот на установата од етички причини поднесе оставка, но тоа не може да го врати времето. Можеби секојпат законите не даваат прецизно решение и затоа апелирам да се има максимална грижа за дечињата, рече Заев.

Надоврзувајќи се на одговорот на Заев, министерката за труд и социјална политика  Мила Царовска додаде дека јасна е потребата од деинституционализација и трансформација на големите институции кои што згрижуваат деца без родители, деца со воспитно-социјални проблеми и деца со попреченост во нивниот развој.

– Јас и пред 10 години сум работела во овие институции и денеска ги посетувам и точно знам кои се условите. Но, имавме еден период од 10 години во кој овие институции се уриваа  и конечно го допреа дното, не само со инфраструктурата, туку и кадровски, рече Царовска.

Според неа, за 30 до 40 отсто е намален капацитетот со стручен кадар и недоволно се покренуваат постапките кои треба да бидат водени во институциите.

– Очекувам останатите институции што се одговорни за ова, како МВР и ОЈО, да ја завршат својата работа, а ние како МТСП сме во интензивна изработка на трансформациски планови за излегување на децата од тие институции и сместување во мали куќни домови. Затоа што се работи за мала бројка од 40 деца кои многу брзо ќе бидат надвор од тие институции и ќе добијат соодветна грижа, рече Царовска.

Изразувајќи задоволство од одговорот на Заев, Бајрам рече дека за прв пат еден премиер му одговорил како што треба на пратеничките прашања.

– Се гледа вие се залагате за народот, дека ќе се залагате за народот. Мислам дека како одите, така и ќе бидете поддржани од секого, рече пратеникот Амди Бајрам.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: 25 МајЗоран ЗаевказнаСобранниештитеничка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ