„Одредени политичари во изминатите години избраа да водат политики на поделби и предизвикување на конфликти кои луѓето ги поделија на наши и ваши. Тоа е политика која што гради минато, а не иднина. Тоа е политика што дели, а не создава доверба.“ изјави премиерот Зоран Заев, на конференцијата „Патот понатаму на Република Македонија“.
Тој посочи дека денес владите имаат минимална маргина за грешка и многу малку простор за грешка во креирањето на политиките.
Ангела Петровска
Камера: Атанас Петровски