• Latest

Завршува идентификацијата на загинатите во пожарот во Грција

July 27, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Завршува идентификацијата на загинатите во пожарот во Грција

July 27, 2018 10:06
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Се очекува во текот на денот да заврши процесот на идентификација на телата на загинатите во катастрофалниот пожар во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Во текот на вчерашниот ден, според специјалистот за судска медицина Илиас Бојокас биле идентификувани 74-75 тела, а во поголемиот дел од случаите, телата се целосно изгорени и јагленосани.

– Некои имаат само изгореници, но повеќето се јагленосани. Телата не можеа да се препознаат. Се препознаваа само оние кои што беа пронајдени во морето, вели Бојокас и додава дека наоѓаат лични предмети, како на пример бурми и крстови, но идентификацијата се врши исклучиво преку ДНК анализи.

Бојокас вели дека ова е еден од најтешките случаи со кои што се соочуваат специјалистите по судска медицина.

Со идентификација на изгорени тела имале искуство во 2005 по авионската несреќа со кипарскиот авион„ Хелиос“, но и покрај тоа што тогаш имало 121 загинати лица, сепак тој вели дека конкретниот случај е потежок бидејќи тогаш на некој начин биле „психолошки подготвени“.

– Ова нема никаква врска со „Хелиос“, и тоа беше тешко, но некако беше очекувано, под наводници очекувано, психолошки очекувано, бидејќи знаеш дека е авионска несреќа со паднат авионот . Овде, за само неколку часа, да не речам за само 1 час се загубија толку животи и ние слушаме за мајка што ги изгубила децата и мажот, за маж што ги загубил неговите 2 ќерки и ги бара, слушаме вакви работи и разбирате дека тоа предизвикува многу силна бура од чувства, објаснува Бојокас.

Откако ќе се заврши со процесот на идентификација, се очекува специјалисти од одделот за судска медицина на атинскиот Универзитет, да соопштат податоци околу тоа колку од загинатите се деца.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Атинаидентификацијапожар
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result