• Latest

Збогатувањето на „црната листа“ со градоначалник, јавен обвинител, судија и поранешен вицепремиер ги раздвижи институциите, но и очекувањата

January 8, 2025

Косовските пратеници ниту по 28-ми пат не успеаа да формираат парламентарен состав

June 7, 2025

Владата отвора директна телефонска линија за барањата и потребите на повредените во пожарот во Кочани

June 7, 2025

Во Газа Курбан Бајрам се одбележа под урнатини, без храна и под Израелски напад во кој загинаа 42 лица

June 7, 2025

Трамп го повика Врховниот суд да дозволи масовни отпуштања во Министерството за образование

June 7, 2025
По Дејтонскиот договор - кантонизација на БиХ

Пирс: Во Босна и Херцеговина, оружјето секогаш ѕвечка и тоа треба внимателно да се следи, Додик отиде во спротивна насока

June 7, 2025
Харкив, 25 мај 2024

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Најголем руски напад со дронови го погоди Харкив, најмалку три лица загинати меѓу кои и новороденче

June 7, 2025
Пожар што избувна по нападот со руски дрон во предградието на Харкив, Украина, преку ноќ на 26 мај 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни ситуации

Масовен руски напад врз Украина неколку дена по нападите на воздушните бази

June 7, 2025

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Фото: МИА

Кошта посочи дека ЕУ ќе го казни Израел за војната во Појасот Газа

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Збогатувањето на „црната листа“ со градоначалник, јавен обвинител, судија и поранешен вицепремиер ги раздвижи институциите, но и очекувањата

January 8, 2025 09:46
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалник, јавен обвинител, судија и поранешен вицепремиер изминатата година се најдоа на „црната листа“ на американскиот Стејт департмент поради „висока корупција“. Минатогодишните именувања на политичари, ако се споредат со претходните имиња кои се најдоа таму не се некое големо изненадување за македонската јавност. Додека именувањето на политичари како поранешниот премиер Никола Груевски, вицепремиерите Кочо Анѓушев и Артан Груби и градоначалниците Рамиз Мерко и Стевчо Јакимовски, јавноста генерално ги доживува како нешто очекувано, најголемо „раздвижување“ и потврда за потребата од ремонт на системот се именувањата на оние кои се на страна на правдата или барем „треба“ да се гледаат како такви – поранешната Специјална јавна обвинителка Катица Јанева и апелацискиот судија Енвер Беџети, објави МИА.

Ако можел Вашингтон да собере докази, тогаш можете и вие, порача американската амбасадорка, нагласувајќи дека тоа се докази кои се широко достапни и оти сега на потег се органите на редот и правосудството во земјава.

Именувањата во декември, како и на почетокот на годината, повторно ја актуализираа идејата американската „црна листа“ да биде основа за воведување на мерки од државата врз лица и фирми. Оваа идеја, како предлог измени на Законот за рестриктивни мерки, беше предложена од претходниот МНР, но во Собранието стигна дури во март, па очекувано не се најде на седница пред изборите.

Новата Влада порача дека именувањата се потврда за тоа што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваат во последните неколку години и ги повика надлежните институции да спроведат истрага за наводите, а брзо решавање на случајот побараа и од судската фела. Партиите изразија различни ставови, но ја поддржаа одлуката на Стејт департментот.

Подобрувањето на квалитетот на правдата и обезбедувањето пристап до бесплатна правна помош за сиромашните е од исклучителна важност за граѓаните на Северна Македонија и е еден од клучните при

Реакциите по последните именувања, како да го размрдаа Обвинителството, кое по допрен глас оформи предмет за лицата ставени на „црната листа“ на САД. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, на брифинг со медиумите на 11 декември, информираше дека оформил предмет за обезбедување докази за евентуална кривична одговорност за лицата ставени на црната листа на САД.

Засега, од сите нови имиња на „црната листа“ само јавната обвинителка Катица Јанева издржува ефективна казна затвор, откако во јуни 2020 година беше осудена за злоупотреба на службената положба и овластување на седумгодишна затворска казна во случајот „Рекет“.

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева денеска направила инцидент во Државниот завод за ревизија додека ревизорите и ги презентирале наодите од ревизијата за финансиското работење н

Против градоначалниците на Карпош и Струга сè уште се водат судски постапки. Стевчо Јакимовски, заедно со неколку лица вработени во општината додека бил градоначалник во периодот 2011-2017 беше обвинет за злоупотреба на службената положба и бесправно градење. Во 2020 година половина од неговите соработници од Општина Карпош признаа вина и добија условни казни, додека обвинението против Јакимовски и уште пет лица остана. Во март годинава судот констатираше дека не е надлежен за предметот согласно преквалификацијата на кривичното дело според измените на КЗ и случајот се наоѓа на Апелација. Против Рамиз Мерко се водат повеќе судски предмети, а има и уште две други обвиненија. Пред Судот во Струга се предметот за злоупотреба на службата при набавката на службено возило, како и неколку други за несовесно работење во службата при именување директори.

Груби на „црна листа“ за влијание врз судски одлуки и „значителна корупција“, но недостапен на органите по кривична за проневера на пари во Државна лотарија

Стејт департментот на Соединетите американски држави на 9 декември – Меѓународниот ден за борба против корупцијата соопшти дека воведува санкции против поранешниот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија Артан Груби и судијата на Апелацискиот суд Енвер Беџети поради нивна вмешаност во значителна корупција.

Според соопштението, Груби и Беџети примале мито со цел да ги поткопаат судските процеси поврзани со кривичната осуда на Сашо Мијалков, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Мијалков беше санкциониран во 2022 година за значителна корупција според секцијата 7031(в) од Законот за надворешни операции и поврзани програми на Стејт департментот. Покрај санкциите за Груби и Беџети, забрани за влез во САД се воведени и за членовите на нивните семејства.

Ставањето на Груби и Беџети на црната листа на САД, според премиерот Христијан Мицкоски, е само потврда од стратешките партнери на она што го говореле уште во опозиција за вмешаност во корупција и е само почеток од многу такви случаи што очекува во наредниот период да бидат објавени во јавноста.

– Ние во минатото многу пати зборувавме за сето ова за коешто сега и официјално нашите стратешки партнери, меѓународната заедница го посочува. Јас можам само да кажам дека во периодот којшто следи уште многу потврди на сето она коешто сме го имале за сомневање ќе излезе во јавноста и јавноста ќе биде запознаена, рече премиерот Мицкоски, прашан за коментар по ставањето на Груби на црната листа на САД.

Американската амбасадорка Анџела Агелер, по проширувањето на „црната листа“ на Стејт департментот на САД со имињата на Артан Груби и Енвер Беџети, на прес-конференција во Амбасадата во Скопје, порача дека корупцијата, во каква и да е форма, не треба да се толерира, а оние кои го поткопуваат владеењето на правото за лична корист и на сметка на народот треба да сфатат дека корупцијата има последици.

Соединетите американски држави, нагласи таа, ќе продолжат да бараат одговорност од корумпираните актери, се надевам дека судството и структурите за спроведување на законот во Северна Македонија ќе го сторат истото. Доказите на кои се базира ваквата одлука, како што објасни, не се споделуваат со македонските власти, поради прашања поврзани со приватноста.

Зајакнување на правосудството во земјава, на сите нивоа, е главен приоритет за Амбасада на САД, за мене лично и за Вашингтон, изјави американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер. Сакаме

– Но, ниту пак треба, бидејќи доказите кои Вашингтон ги разгледува, што ние успеавме да ги собереме, како тука во оваа земја, така и во Вашингтон, се широко достапни. Интересно е што дел од критиките кон нас на социјалните медиуми беа, зошто го правите ова, кога нема кривично гонење и акција тука. Ние, сме обврзани со закон, да ги именуваме и санкционираме, оние лица за кои имаме силни докази за криминал и корупција. Што се случува понатака, останува на органите на редот и правосудството во оваа земја, но ќе кажам, дека ако ние сме можеле да ги собереме доказите, можат и тие, изјави Агелер.

Прашањето како овие случаи се движат низ процесите тука, е прашање, кое, како што рече Агелер, и таа си ги поставува. – Ако доказите се достапни, а се, тогаш имате финансиска полиција, обвинителство, судство … Постои процес што е достапен тука и сметам дека луѓето во оваа земја сакаат да го видат, изјави Агелер.

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница за поранешниот вицепремиер Артан Груби, но за друго дело, во кое се товари за проневера на околу осум милиони евра од Државната лотарија, заедно со поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами.

Во врска со истрагата за проневера во Државна лотарија, како што информираше на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, осомничени се повеќе лица, меѓу кои поранешен премиер и прв вицепремиер, поранешен генерален секретар и државни службеници. На 13 декември 2024 од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и корупција-Сектор за криминалистички истраги-Единица за корупција до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против осум лица за „злоупотреба на службената положба и овластување“, „примање поткуп“ и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ во случајот со Државната лотарија на Република Северна Македонија. Со кривичната пријава Артан Груби се товари за „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска ја појасни најавата за субвенционирање на вработувањата во приватниот сектор на припадници на др

Според неофицијални информации, Груби непосредно пред полициската акција поврзана со проневера од над 8,2 милиони евра во Државната лотарија, заедно со стопанственик со дипломатско возило ја напуштил земјава и заминал во Косово.

Тошковски, потоа во интервју рече дека имаат комуникација и одлична соработка со министерствата за внатрешни работи од соседните земји, но официјална потврда за бегалци од правдата не е стигната до МВР од ниедна соседна земја. На прашање дали имало „кртови“ во МВР или во Обвинителството кои го известиле Груби за да ја напушти земјата, рече дека има истрага, но дека не може да сподели информации. Соопшти дека во претресите кај недостапните осомничени за криминал во Лотарија се пронајдени поголеми количини суми „пари за кои постојат сомнежи дека дел од средствата кои незаконски се стекнати се употребени за купување на одреден имот во и надвор од Македонија“.

Судството со подрршка и загриженост за „црната листа“

Ставањето на црната листа на САД, на кој било судија е сериозен удар за честа и угледот на конкретниот функционер на судската власт, порача Здружението на судии на Република Северна Македонија по именувањето на црната листа на судијата Енвер Беџети.

– Имајќи го предвид значењето на етичкото однесување и интегритет на судиите кое треба да биде неприкосновено и во согласност, пред сè со Уставот и Законите на нашата земја, но и согласно Меѓународните Закони и препораките на Европската унија и Соединетите американски држави како наши стратешки партнери, Здружението повикува на брзо решавање на случајот, пред сè заради зачувување на независноста и интегритетот на судската фела во земјата, се наведува во соопштението на Здружението.

Судскиот совет на Република Северна Македонија, исто така, изрази сериозна загриженост во врска со актуелната објава на Стејт департментот на САД за ставање на судија на „црната листа“.

– Ја нагласуваме својата посветеност за справување со секој облик на корупција во правосудниот систем во согласност со законите и етичките стандарди. Во таа насока Судскиот совет веќе презема мерки согласно со неговите надлежности утврдени во Законот за судовите и Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија, се вели во соопштението од Судскиот совет.

Новоизбраните членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија Мирјана Радевска-Стефкова, Зоран Герасимовски и Ивица Николовски, денеска ќе дадат свечена изјава пред претседателот на

Врховниот суд преку соопштение информираше дека целосно ги поддржува и ги поздравува заложбите на Стејт департментот на САД кои се однесуваат на владеењето на правото и правната држава.

– Соединетите американски држави даваат континуирана поддршка и исклучителен придонес за правосудството, кој е заснован на правните начела и демократските вредности. Нотираните податоци и укажувања во Извештаите на Стејт департментот имаат суштинско правно значење за заштитата на независноста на судството и борбата против корупцијата. Во таа насока, а во врска со нотираната корупција, неопходно е приоритетно да се постапува во согласност со законите и институционалните надлежности што е клучно за интегритетот на судството, остварувањето на целите на правдата и јакнење на јавната доверба. Недозволиво е да се поткопуваат темелите на судската власт преку политички влијанија, притисоци и коруптивни дејствија, се наведува во соопштението од Врховниот суд.

Апелациониот суд Скопје, како единствен второстепен суд кој постапува по предмети од организиран криминал и корупција од висок профил во Република Северна Македонија, преку соопштение порача, дела во целост ги поддржува заложбите за борба против корупцијата, која претставува закана за владеењето на правото и врши ерозија на капацитетите на судската власт и ги намалува демократските вредности.

Судиите од Апелацискиот суд Скопје во Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот Ковид 19, од априлската плата донираа износ од 487.500,00 денари

– Оттука, Седницата на судии на Апелациониот суд Скопје во целост се согласува дека бескомпромисна и неселективна борба против корупцијата, во сите сегменти на државните власти, е од приоритетно значење и важност. Судиите на Апелациониот суд Скопје со целосно изграден индивидуален интегритет и личен однос кон прашањето на корупција и судир на интереси, продолжуваат да градат отпорност кон политички и било какви други влијанија при правораздавањето, преку професионалност и транспарентност во работењето и почитување на принципите на националното и меѓународното право. Независно, непристрасно, професионално и одговорно судство е важен столб на секоја држава, па оттука судиите на Апелациониот суд Скопје ја поддржуваат секоја заложба на надлежните државни институции за откривање и борба против евентуални случаи на висока корупција во судството, заради зачувување на интегритетот на судиите и судството во целина, но со почитување на начелото на презумција на невиност, се вели во соопштението од Апелациониот суд, по објавата на Стејт департментот на САД за ставање на судија на „црна листа“.

Според соопштението од Стејт департментот на САД, Груби и Беџети примале мито со цел да ги поткопаат судските процеси поврзани со кривичната осуда на Сашо Мијалков, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Мијалков беше санкциониран во 2022 година за значителна корупција според секцијата 7031(в) од Законот за надворешни операции и поврзани програми на Стејт департментот. Покрај санкциите за Груби и Беџети, забрани за влез во САД се воведени и за членовите на нивните семејства.

Именувањата на „црната листа“ – основ за воведување на мерки врз лица и фирми

Американскиот Стејт департмент, во март минатата година, „поради вмешаност во значителна корупција“, стави повеќе функционери од Западен Балкан на „црната листа“, меѓу кои се најдоа и поранешната специјална главна обвинителка на Северна Македонија, Катица Јанева и актуелниот градоначалник на Карпош и кандидат за претседател на Северна Македонија, Стевчо Јакимовски.

Нивните постапки, се вели во соопштението од Стејт департментот, го поткопаа владеењето на правото и вербата на јавноста во демократските институции и јавните процеси на нивните влади. Во нејзиното службено својство на поранешен специјален главен обвинител во Северна Македонија, Јанева беше вмешана во коруптивни дејствија, вклучително и користење на нејзиното политичко влијание и службена моќ за лична корист. За Јакимовски, се вели дека во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош, Северна Македонија, тој бил вклучен во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да имаат корист за себе и за неговите соработници.

Покрај Јанева и Јакимовски, Стејт департментот на „црната листа“ ги стави и членовите на нивното потесно семејство – двата полнолетни сина на Јакимовски, Гоце Јакимовски и Дамјан Јакимовски, како и сопругата и возрасниот син на Јанева, Венци Јанев и Лазар Јанев. Овие дејствија ги прават Јанева, Јакимовски и членовите на нивните потесни семејства генерално неподобни за влез во САД.

САД ги проширија санкциите против Иран со 16 дополнителни компании, соопшти денеска американскиот Стејт департмент.

Последното проширување на американската црна листа со функционери од земјава повторно ги вкрсти власта и опозицијата околу Законот за рестриктивни мерки. Тогаш владејачката СДСМ обвинува дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ го блокира носењето во Собранието, додека од таму тогаш порачаа дека има доволно законски решенија да се постапува, но дека власта се плаши да ги користи.

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, одговарајќи на прашање за ставањето на црна листа на Катица Јанева и Стевчо Јакимовски, рече дека тоа се одлуки на институциите на САД и оти Владата подготвила закон за рестриктивни мерки, но дека тој не може да ја помине собраниската процедура. Притоа го повика пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски да го стави законот на дневен ред на собраниската комисија.

На ова реагираше пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски кој во објава на Фејсбук потсети дека земјава веќе има усвоено Закон за меѓународна соработка во кривичната материја, во кој, како што посочува, е предвидена можноста домашен надлежен орган (Министерство за правда или Јавното обвинителство) да испрати замолница за соработка во кривичната материја до надлежна институција на странска држава.

„Црната листа“ на американскиот Стејт департмент во 2023 се прошири со неколку звучни имиња од земјава. Поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев, Орце Камчев, Сергеј Самсоненко, Рамиз Мерко … им се придружија на поранешниот премиер Никола Груевски и екс шефот на УБК Сашо Мијалков.

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, денеска при сведочењето во Кривичниот суд Скопје, за предметот „Монструм“, за убиството на четирите момчиња и рибарот кај Смилсковско Езеро на 12 ап

По ова, тогашниот министер за надворешни работи и кандидат за претседател Бујар Османи, најави дека Министерството за надворешни работи (МНР) планира да ги вметне санкциите од САД и Обединетото Кралство во македонското законодавство преку измени на Законот за рестриктивни мерки.

Предлог измените, како што најави тогашниот министер Бујар Османи, предвидуваат и воведување на два важни инструменти, институцијата предлагач да ги побара и да ги поднесе сите материјални докази до Обвинителството, а ЈО да почне постапка, вклучувајќи и конфискација на имот и доколку заврши со обвинение, се предвидува и времено спречување на вршење на јавна функција и ѝ забрана за учество во јавни набавки доколку се работи за правни субјекти.

Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, по ставањето на Кочо Анѓушев на листата, порача дека тоа е уште еден доказ дека САД ќе продолжат да ги санкционираат корумпираните актери во земјава и најави дека ќе следуваат повеќе назначувања. Таа тогаш кажа дека „ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите напори и нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Северна Македонија. На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени“.

Стејт департментот во декември 2023 година го стави Анѓушев на „црна листа“ поради неговата вмешаност во значителна корупција и го означи како генерално неподобен за влез во САД.

– Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Северна Македонија во нивните владини институции и јавни процеси, се наведува во соопштението објавено од Стејт департментот.

Извор и фото: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • РЕАКЦИИ: „Ако не влеземе во ЕУ, Коридорите 8 и 10 никогаш нема да се завршат“; „Ако му одговара на НАТО, со Британците ќе се завршат и Коридорите“

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ