• Latest

Здравството – социјална или бизнис категорија

September 17, 2019
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Здравството – социјална или бизнис категорија

Не е тајна дека во фармацијата постои мафија, почнувајќи од Светската здравствена организација, па се до поделните земји! Крајно време е фармацијата во нашата земја дефинитивно да се стави во функција на интересите на граѓаните, а не на бизнис интересите на газдите на компаниите! Тоа може да се постигне со пропишување на максимална маржа за лековите и за помошните медицински средства и со транспарентни тендери за нивната набавка!

September 17, 2019 12:56
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: КОСТА СТОИМЕНОВСКИ

Еминентни светски економисти, меѓу кои и добитникот на Нобеловата награда за економија Џозеф Штиглиц, настапуваат со став дека Бруто домашниот производ (БДП) не може да биде единствен критериум за оценување на развојните политики на државите! Тие сметаат дека развојните политики на која било земја можат реално да се оценуваат само доколку се имаат предвид и показателите за квалитетот на животот на луѓето во пооделните земји, како што се состојбите во здравството, обрзованието, комуналните услуги, јавниот превоз и слично.

Здравството има мошне важна улога во квалитетот на животот на луѓето во секоја земја. Во времето на социјализмот на здравството му се посветуваше големо внимание, се градеа поликлиники, клинички центри, бањски лечилишта,  амбуланти, аптеки центри за рехабилитација и слични здравствени институции. Меѓутоа, долги години во времето на социјализмот само работниците имаа право на бесплатни здравствени услуги, додека земјоделците и луѓето од приватниот сектор немаа такви права. Ваквата политика беше заснована на идеолошки консидерации. Треба да се има предвид дека социјализмот беше систем на пролетерите, а не на „кулаците“! Дури при крајот на социјализмот земјоделците и занаетчиите се стекнаа со право за користење на бесплатни здравствени услуги и/ли здравствени услуги по повластени цени!

Здравството е мошне скапа  дејност. Грижата за здравјето на луѓето бара многу пари, така што претставува голем предизвик и за најбогатите земји!  Поранешниот американски претседател Барак Обама иницира проект за здравството кој беше наречен „Обамакер“ со кој се предвидува секој граѓанин на САД да  има право на здравствени услуги. Меѓутоа, овој проект наидува на бројни контраверзи во американското општество, првенствено поради тоа што за неговата реализација треба да се издвојуваат многу пари! Соседната Канада има неспоредливо подобар здравствен систем од САД! Познато е дека  скандинавските земји, во кои воглавно владеат социјалдемократите, имаат најдобри здравствени и социјални системи во светот!

Крајот на социјализмот означи крај и на моделот за здравствени и социјални грижи за граѓаните. Во Уставот на нашата држава  е запишано дека РМ е социјална држава, меѓутоа, обемот на бесплатните медицински услуги, поради неддостаток на пари, е битно намален. Состојбите во болниците и останатите медицински установи се во мошне лоша состојба, така што им е потребен генерален ремонт. Македонските власти во здравството вршат воглавно козметички промени, кои во медиумите ги претставуваат како големи достигнувања како на пример купување на  душеци и чаршави, реновирање на санитарни инсталации во некои болници исл. Досегашната практика покажува дека при секој ребаланс на буџетот се кратат капиталните инвестиции посебно во здравството. Проектот на претходната власт за изградба на Клинички центар во Скопје е сторниран од актуелната власт, која најавува дека овој центар ќе се гради на нова локација,  дека за изградба на истиот ќе се вложат 500 милиони евра и дека  ќе биде готов во наредните 6-7 години!

Фармацијата има посебно место во здравствениот систем на секоја земја, бидејќи има директно влијание на здравјето и на животниот век на населението. Во времето на социјализмот, кога здравството  беше бесплатно, луѓето си создаваа резерви од лекови и си правеа свои  приватни аптеки! Тоа не беше в ред, бидејќи на тој начин се злоупотребуваше здравствениот систем! На почетокот на транзицијата фармацијата ја загуби улогата на социјална категорија и се трансформира во дејност со нагласени бизнис интереси! Во почетокот на транзицијата се ширеа гласини дека водечката фармацевтска компанија во државата работела со маржа на лековите и на помошните медицински средства  од 800%!? Како благодарност на политичарите што му овозможиле да остварува огромни профити, сопственикот на оваа веледрогерија им направи резбани фрески, кои ги изложуваше во неговите аптеки!

Претходната влада донесе одлука за изедначување на цените на лековите во сите аптеки, но, не презедее мерки за нивното лимитирање! Согласно некои сознанија лековите во нашата држава се поскапи од соодветните лекови во соседните земји! Со профитот што го остварува во нашата држава, најголемата наша фармацевтска компанија го шири својот бизнис во нашиот северен сосед и согласно сознанијата лековите во нејзините тамошни аптеки се два пати поефтини отколку во нашата држава! Кој и зошто му дозволува вакво однесување на сопственикот на оваа фармцевтска компнија? Како може да се остварува профит со ниски цени на лековите во странска земја, а во нашата држава лековите имаат мошне високи цени!? Случајот со помошните медицински средства е уште поинтерсен и поконтраверзен.  За овие средства  не постои законска обврска за изедначување на цените, така што секоја фармацевтска компанија слободно си формира цени за овие производи. Ќе го наведам случајот со цените на колагенот, кој го произведуваат неколку германски компании. Колагенот кој што може да се купи во една соседна земја се продава во луксузно пакување и најверојатно со поквалитетна содржина по цена која е два пати помала од онаа во аптеките на нашите фармацевтски компании!? Го наведов само случајот со колагенот, а им оставам на новинарите кои се занимаваат со истражувачко новинарство да се позанимаваат со цените на лековите и на помошните медицински средства во нашата и во странските земји.

Не е тајна дека во фармацијата постои мафија, почнувајќи од Светската здравствена организација, па се до поделните земји! Крајно време е фармацијата во нашата земја дефинитивно да се стави во функција на интересите на граѓаните, а не на бизнис интересите на газдите на компаниите! Тоа може да се постигне со пропишување на максимална маржа за лековите и за помошните медицински средства и со транспарентни тендери за нивната набавка!

Бев мошне изненаден кога слушнав дека за директор на Фондот за здравствено  осигурање (ФЗО) е поставен човек за кој, од „бомбите“ што ги објавувеше поранешниот лидер на опозицијата и актуелен македонски премиер, можеше да се слушне како со поранешниот премиер разговара за провизија (и тоа во кеш) од 1,5 милион германски марки за продажбата на една македонска банка! Господинот доаѓа од најодалечениот континент и тоа пред секои важни избори во нашата држава и на чуден начин успева да застане на чело на некоја од најпрофитабилните институции во државата! Со ВМРО-ДПМНЕ беше не чело на ТЕЛЕКОМ-от, а сега СДСМ го постави на челната позиција на ФЗО! Порано за директори на ФЗО се поставуваа лекари, така што може да се постави прашањето дали вјадејачката партија нема лекар кој би можел далеку поуспешно да ја врши оваа функција, па мораше да постви човек кој нема какво било медицинско образование?

Некои новинари, најверојатно поради лукративни причини, направија спектакал околу „паралелниот увоз на лекови“, а заслугата за откривање на оваа афера, за која сите знаеа, му ја препишаа на директотот на ФЗО, кој всушност откри „топла вода“! Меѓутоа, кога се откри аферата со вакцините против морбили, директорот на ФЗО нигде го немаше, се скри во „дупка за глувци!“

Најранливите категории во државата најчесто се жалат дека немаат пари за ле и за лекови.  Македонската влада би требало сериозно да ги разгледа проблемите во врска со здравството,.со цел истото да го стави во функција на декларираната политика „живот за сите“! Не е тајна дека во здравството има многу сериозни проблеми, кои може да ги реши само човек со соодвтно медицинско образование и со висок морал, а не  профитер!

Крајно време е на фармацевтската мафија  да и се поткастрат крилјата со цел да води грижа и за интересите на граѓаните, посебно на најранливите категории, а не само за своие бизнис интереси!


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share47Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ