• Latest

Здружените и добронамерни граѓани се силата на едно општество

February 14, 2018

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Здружените и добронамерни граѓани се силата на едно општество

February 14, 2018 15:13
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

“Каква разлика прави за мртвите, сиромашните и бездомниците, дали бесмисленото и лудачко уништување е изведено во име на некој тоталитарен режим или во светото име на слободата и демократијата?”

Махатма Ганди

Пишува: Душко Груевски

Во 2014 година, група на револтирани, гневни и пред се` загрижени граѓани од Битола, под мотото ЗА НАС СЕ РАБОТИ, кое подоцна стана и име на нивното официјално граѓанско здружение, се одважи да се спротивстави на несовесното однесување на лица од тогашната локална и централна власт, а во насока на справување со загадениот воздух во Пелагонискиот регион. Да зборувам за сите нивни активности, залагања, дебатирања и истражувања, како и за сите омаловажувања и обиди за нивно дискредитирање, ќе биде потребно многу време и многу простор. Нема тоа да го направам, само ќе се обидам да го споделам  најважниот заклучок, кој произлезе од нивната активност, а тоа е:

“По три годишна институционална борба и покрај сиот скептицизам кај нивните сограѓани, без никаков погрешен чекор, се изборија за правна процедура и комплетирање на докази за поднесување на кривична одговорност од надлежни и одговорни лица во колективот на РЕК Битола, како подружница на ЕЛЕМ, што ќе потврди дека борбата на граѓаните е неопходен процес за демократизација на нашава заедница. Само функционирањето на законите и правдата се гаранција за демократско општество.”

Хронологијата на настаните беше ваква. На 17.10.2014 година поднесена граѓанска иницијатива до советот на о. Битола. Масовен протест на 04.11.2014 и уште еден таков на 13.12.2014 година, кој што резултира со притисок кон локалната власт и  потпишување на меморандум за соработка со тогашниот градоначалник на о. Битола. Паралелни активности во насока на едукација и подигање на свеста на граѓаните, како и претставување на проблемот пред меѓународни фактори, лобирања и повикувања на отпор од најразличен вид. Па уште еден протест против неисполнувањето на обврските од меморандумот од страна на тогашниот градоначалник на о. Битола, одржан на 27.05.2015 година, со барање за негова оставка, па уште неколку протести, блокади и маршови, а се во насока на барање итно решавање на констатираниот проблем со загадениот воздух.

Последниот сериозен чекор, од кој очекувавме соодветен резултат, покрај сиот скептицизам на сите сограѓани на Битола и регионот, беше кривичната пријава поднесена на 16.05.2017 година, против ЕЛЕМ и против поединци во РЕК Битола. После јавното објавување на овој наш чекор, со поднесување на кривична пријава, наидовме на “завршниот удар” од омаловажување на нашето делување и неверување од страна на нашите сограѓани за спроведувањето на правдата. Бевме оптимисти и верувавме во правниот систем. Верувавме дека институционалниот пат е долг и бара напорна работа и ангажман, но бевме уверени дека само на тој начин може да се стигне до посакуваниот резултат, особено ако сите факти се на страната на она за кое се залагате.

После сѐ, можам само да кажам дека сум горд на досега сработеното и постигнатото. Горд сум на Илија Балтовски, на Иле Ѓорѓиевски, на Иван Јерчиќ, на Горан Пинза, на Иван Чулакоски, на Фанче Димитровски, на Зоран Грујовски, на Емилија Балтовска, на Љупчо, на Ирена, на Нела, на Дијана, на Наташа, на Гордана, на Елена и на сите мои сограѓани кои целосно се предадоа на подигање на свеста за овој проблем и барање од надлежните институции, негово целосно решавање или барем започнување со реализација на решенијата кои подразбираат соодветни мерки за намалување на загадувањето на воздухот и зачувување на животната средина.

Останува вербата во правниот систем и исполнување на законските обврски од страна на надлежните судски органи, со што ќе потврдат дека правдата секогаш победува и дека секој оној, кој преку несовесно работење, е виновен за лошите состојби во нашата заедница, ќе биде земен на одговорност.

Сето ова ни дава потврда дека граѓаните се силата на демократското општество.

 

Tags: аерозагадувањевербаГоран Пинзаграѓанидемократско општествоЕЛЕМЕмилија БалтовскаЗа нас се работиЗоран ГрујовскиИван ЈерчиќИван ЧулакоскиИле ЃорѓиевскиИлија Балтовскикривична пријаваподигање на свестправен системРЕК БитолаФанче Димитровски
Share7TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ