„ЦИВИЛ не само што успеа да ги извади на виделина главните проблеми со човековите права туку во последно време се гледа и друга придобивка од целиот ангажман на колегите од ЦИВИЛ, а тоа е инсталација на тој сенс кај самите граѓани на почитување и борба за човековите права и на другите заедници и групи на граѓани што биле во ризик до сега. Посебно, во последно време, се радувам кога гледам дека граѓаните од помалите етнички заедници се борат за своите права“, изјави новинарот и соработник на ЦИВИЛ, Арбен Зеќири на Фестивалот на слободата на 10 декември, по повод Меѓународниот ден на човековите права и одбележувањето на 20 годишнината на ЦИВИЛ.
„ЦИВИЛ покажа храброст од почетокот и беше прва организација што знаеше да ги крши табуата. Го помниме сите времето од 2003 година кога оружјето беше знак на достоинство или знак на сила и храброст во нашата земја, две години по воениот конфликт, а ЦИВИЛ ја започна кампањата против нелегалното оружје. На крај се покажа дека ЦИВИЛ беше во право и да го слушаа сите ЦИВИЛ сега ќе имавме сосема поинакво општество. Не би го имале овој голем број на жртви и последици од неконтролирано користење на нелегално оружје. ЦИВИЛ излегуваат како први и за други теми било за индивидуални граѓански права или колективни права, за сите или одредени етнички заедници. Она што го работат, пак, преку медиумската платформа е еден неограничен простор каде и самите граѓани, лично, без ничија иницијатива, било од политичка партија или непрофитно здружение, да ги истакнат своите права, но и проблеми и неправди било индивидуални или што се вршат врз цели групи во заедниците…“, изјави Зеќири честитајќи го јубилејот на организацијата истакнувајќи дека борбата што ЦИВИЛ ја води низ годините за човековите права нема сила што може да ја сопре.
Б. Ј.
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети