• Latest

„Зелена алтернатива“ на балкански саем за медицински канабис во Атина

June 3, 2018

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Зелена алтернатива“ на балкански саем за медицински канабис во Атина

June 3, 2018 15:19
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Размена на искуства и соработка меѓу активистите и здруженијата, едукација и информирање на граѓаните за употребата на медицинскиот канабис, но и можност за купување на разни производи е она што го одбележува првиот балкански саем за канабис „Balkannabis expo“ што викендов се одржува во Атина. Меѓу земјите учеснички е и Македонија, преку здружението „Зелена алтернатива“. Со свој штанд, но и со предавања и учество на панел дискусии, посетителите, домаќините и учесниците се запознаваат со македонското искуство со медицинскиот канабис.

Дописничката на МИА од Атина го посети саемот и поразговара како со организаторите и учесниците, така и со Филип Достовски од „Зелена алтернатива“, кој вели дека во Грција првпат годинава се одржува вакво нешто, а Македонија веќе има искуство со организирани пет идентични семинари со истите предавачи кои сега се во Атина.

Достовски коментира дека Македонија во овој момент е лидер во регионот во однос на медицинскиот канабис, но, како што рече, доколку не се направи нешто да се излезе од статусот кво, другите земји што се движат брзо, ќе бидат пред нас.

– Да не ми се налутат луѓето од саемот, но ние повеќе нив им користиме, отколку тие нам, во смисла дека ние сме многу понапред како држава, со законот, со знаењето на луѓето, многу го користат маслото, многу сме отидени напред. Ние како здружение направивме пет семинари со истиве предавачи. Тука има фирми, поддршка, народ. Кај нас нема посетеност, пет пати направивме вакво нешто, пет години по ред, со истите предавачи. Грција сега почна во 2018, а ние во 2014. Во моментов ние сме уште пред нив, но ние се движиме со 10 километри на час, а тие со 100, вели Достовски во разговор за МИА.

Во однос на учеството на саемот, тој вели дека „Зелена алтернатива“ е во континуиран контакт со организациите и активистите од регионот и пошироко, а со организаторите на саемот во Атина се запознале на работилница во Шпанија.

– Ние како „Зелена алтернатива“, постојано патуваме, низ цела Европа, по земјите каде што на некој начин е регулирано, каде што има здруженија, каде што има активисти. Постои голема мрежа на луѓе што комуницираат. На пример многу работи во Македонија ние знаевме како да ги изиграме затоа што прво се случија во Словенија и Хрватска и тоа навистина ни помогна. Континуирано комуницираме со луѓето што го организираат овој саем, се запознавме во Шпанија на една работилница, објаснува Достовски.

Македонското искуство би можело да им користи и на домаќините, но и на учесниците од другите земји кои се уште се борат за легализација на медицинскиот канабис . Во Грција е легален, но, како што вели за МИА, организаторот на саемот Михалис Теодоропулос, има недостиг на одлуки од Министерството за здравство што се однесуваат на пациентите и на дозирањето.

– Ова е прв „Balkannabis expo“. Ние, како активисти, веќе 15 години се занимаваме со прашањето, организираме информативни настани, кампања за информирање и бидејќи во изминатите две години е променето законодавството рековме да преминеме кон имплементација и да помогнеме во правилното користење. Затоа донесовме многу говорници од странство, да ни кажат што се случува во другите земји и да можеме добрите примери да ги искористиме во Грција, вели Теодорпулос.

Во Србија пак, ситуацијата е многу поразлична за разлика од онаа во Македонија и Грција. Маја Васиќ од организација „ИРКА“ која се бори за измена на законските регулативи за легализација на канабис во Србија, во разговор за МИА објаснува дека во моментов не постои никаков закон за легализација.

– Во Србија ситуацијата е особено лоша. Немаме никаков закон за легализација, а во моментов, законот што постои за психоактивни контролирани супстанци е многу ригорозен. Па така дури и луѓето што сакаат да одгледуваат канабис за индустриски цели, без голем процент на ТХЦ се многу ограничени, бидејќи можат да купат само два локални вида на семки што имаат под 0.3 ТХЦ и ваквите семки за некои производи се лоши. Во однос на медицинската употреба, уште во 2014, тогашниот министер за здравство, ветуваше легализација на медицинскиот канабис, но тој тоа го споменуваше во контекст на синтетички канабис. Но, ни тоа не е исполнето, вели Васиќ.

Во Македонија канабисот не е табу тема

Употребата на канабисот за медицински цели во Македонија не е непозната или пак табу тема. Во Грција полека луѓето почнуваат да се информираат и да го елиминираат стравот, додека пак во Србија и понатаму постојат предрасуди.

– Употребата на медицинскиот канабис во Македонија не е повеќе табу тема, сега сите користат, сите бараат, вели Филип Достовски од „Зелена Алтернатива“.

Организаторот на саемот, Михалис Теодоропулос, коментира дека постои табу на Балканот, но во последните години се искоренува.

– Постои табу на Балканот. Канабисот од многумина се третира со страв, но сепак, во последните години, бидејќи постојат информации од медиумите и интернет се повеќе луѓе го прифаќаат и тоа го гледаме од народот што учествува овде на саемот, вели Теодоропулос.

Маја Васиќ од српската организација „ИРКА“ коментира дека и медиумите имаат свое влијание врз негативниот став на граѓаните за употребата на медицинскиот канабис.

– За жал уште постои стигматизација, за жал уште постои страв, најмногу поради тоа што мејнстрим политичарите и мејнстрим државните медиуми, најпопуларните медиуми, се шегуваат на таа тема или отворено се против, па дури и ги потценуваат активистите и оние кои што се лечат, вели Васиќ за МИА.

Над 120 изложувачи учествуваат на првиот „Balkannabis expo“ во Атина

Балканскиот саем е под покровителство на Министерството за здравство на Грција, периферијата Атика и општина Атина. Започна во петокот со свечено отворање, а завршува денес. Посетителите на саемот имаа можност да се запознаат, да пробаат или да купат производи од канабис на штандовите на над 120 изложувачи и да ги слушнат искуствата на 35 предавачи од 17 земји.

Филип Достовски од „Зелена Алтернатива“, учествуваше на панел дискусија со други активисти од Балканот за искуствата во Македонија, додека пак денес ќе говори на работилница за активизам.

– Ќе го пренесеме она што сме го направиле и како сме успеале да го направиме во Македонија, кој е начинот, ние ќе го кажеме нашето искуство, па нивно е како ќе го искористат. Имаме добра соработка, се интересираат за она што се случува кај нас, вели Достовски за МИА.

Сања Ристовска 

Tags: „Зелена алтернатива“Атинабалкански саеммедицински канабис
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ