• Latest

Зелената агенда тежи девет милијарди евра за одржливи проекти, колку ќе искористи С. Македонија?

August 22, 2022

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Зелената агенда тежи девет милијарди евра за одржливи проекти, колку ќе искористи С. Македонија?

August 22, 2022 21:07
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Девет милијарди евра е тежок економскиот инвестициски план за зелената транзиција на Западен Балкан. Македонија е дел од Зелената агенда за Западен Балкан, долгорочното зелено социо-економско сценарио кое треба на регионот да му обезбеди одржлива иднина. Вистински зелени политики, кои се следени од одржливи решенија во сите пет столбови на Зелената агенда се неопходни за земјава да добие реална финансиска помош и да си обезбеди одржлива иднина, пренесува Мета.

Граѓанските организации во земјава се единствени во ставот дека Зелената агенда е нашата реалност и иднина. Јасно е дека секое ретерирање од зацртаните цели не само што нè одалечува од овие фондови за зелен развој, туку и од можноста да ја реализираме посакуваната транзиција.

„Во моментов ја немаме можноста и луксузот да се прашуваме дали Зелената агенда за Западен Балкан е изводлива или прифатлива за нас, туку мора да почнеме да планираме и делуваме. Секој граѓанин треба да ја разгледа Зелената агенда за Западен Балкан, затоа што така ќе ни стане јасно што носи иднината“, смета Невена Смилевска од „Еко свест“.

Европската Унија, чија основа лежи во договорот за јаглен и челик, сега го прифаќа Зелениот договор, а што значи дека земјите се подготвени за енормни промени кои ќе доведат до одржливо живеење. Како земја која е сериозно засегната од климатските промени и нивното влијание, јасно е дека Македонија промената не може да ја направи сама. Регионалната соработка преку Зелената агенда, по примерот на соработката на земјите од Унијата со Зелениот договор, е вистинската насока за користење на европските фондови кои се на располагање за одржлив развој на регионот.

„Главното прашање е како ќе почнеме и со што, а знаеме дека мораме да работиме во сите пет столбови на Зелената агенда. И, ако мислиме дека сме почнале нешто и знаеме во кој правец се движиме на полето на декарбонизацијата, во циркуларната економија, на пример, немаме ниту зачеток. Промената ќе биде огромна, но одвоени се големи финансии за регионот, па доколку паметно планираме и ги одредиме приоритетите можеме да имплементираме многу решенија“, вели Смилевска.

Граѓанскиот сектор апелира земјата да подготви Национален план за спроведување на Зелена агенда кој ќе биде патоказ и ќе мора да се имплементира во домашната регулатива. Јасно е дека документот ќе го допира секој аспект на животот на граѓаните и функционирањето на општеството и ќе ја трасира иднината, од производство на храна, транспортот, биодиверзитетот, до заштитата на водата, воздухот и почвата. Екологистите сметаат дека треба да се воспостават и јасни рокови и активности, со оглед на тоа дека Акциониот план, усвоен на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брно во октомври 2021 година, во голем дел се однесува на активности до 2030 година, што е многу блиску.

„Под изговорот со енергетската криза се протнуваат и некои идеи како најавата за нов рудник за јаглен. Тоа е само еден пример колку лесно можеме да се оддалечиме од зацртаната насока и од зелената транзиција“, посочува Смилевска.

Зелената агенда има пет столбови, декарбонизација, циркуларна економија, отстранување на загадувањето, одржливи системи за храна и рурални области и биодиверзитет кои на земјите им нудат можности за отворање на нови работни места кои се квалитетни, во склад со природата и кои ќе овозможат развој во нови насоки. Декарбонизацијата значи премин кон енергија која не е добиена од фосилно гориво во индустријата, енергетскиот и транспортниот сектор. Отстранувањето на загадувањето подразбира обновување на сите медиуми – воздух, вода и почва, а циркуларната економија значи рециклирање на сите ресурси кои можат да се задржат во економијата колку што е можно подолго наместо да се остават на депонија каде ќе станат отпад, а истовремено да се ископуваат нови. Одржливите системи за храна и одржливите рурални области подразбираат нови пристапи кон производството на храна и негување на руралните области, а биодиверзитетот и заштитата на екосистемите подразбираат обновување на природата.

Во Министерството за животна средина велат дека земјава сериозно пристапува кон Зелената агенда, а подготовката на зајакнатиот Национален придонес кон Договорот од Париз, Третиот двогодишен извештај за климатски промени и Долгорочната стратегија за климатска акција и акционен план, донесени минатата година, се доказ за тоа. Посочуваат дека со усвојувањето на овие документи, земјата постави среднорочни и долгорочни цели за намалување на емисиите на стакленички гасови и прилагодување на најранливите сектори.

„Долгорочната визија е до 2050 година да бидеме просперитетна економија со ниска содржина на јаглерод, која следи одржливи и климатски отпорни патеки за развој, ја подобрува конкурентноста и промовира социјална кохезија преку акција за борба против климатските промени и нејзините влијанија, велат од Министерството.

Посочуваат дека Македонија е во првите земји во регионот што ги презема и првите опипливи чекори и конкретни активности за одговор на климатската криза. Едно од нив е и воведувањето на прекуграничниот данок на јаглерод, со цел да се забрза декарбонизацијата, но и да се избегне плаќањето на данокот на јаглерод за увоз што Европската Унија планира да го воведе од 2026 година.

„Северна Македонија ги диверзифицира своите извори на снабдување, инвестира во обновлива енергија, се подготвува да изгради една од најголемите хидроцентрали во регионот – Чебрен и создава услови приватните компании да инвестираат во зелена енергија. Според новиот Закон за Климатски промени што се подготвува, Северна Македонија има намера да воведе цена на јаглеродот, првично како преодно решение, а потоа да го усогласи со правилата на ЕУ ЕТС до 2030 година“, информираат од Министерството.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ