Тимот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, пред преминот „Палета“ во Скопје, одржа инфо штанд на кој го промовираше проектот „Зелена иднина“, кој организацијата го спроведува во соработка со Хајнрих Бел – Сараево. На инфо – штандот граѓанките и граѓаните имаа можност да се информираат за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот преку едукативен и информативен материјал и да ги споделат своите размислувања на темите.
Во директна комуникација граѓанките и граѓаните, активистите на ЦИВИЛ ја презентираат поврзаноста на зелените вредности со социјалната правда и антинационализмот, бидејќи тие, всушност и се дел од тие вредности и пошироко, од европските и цивилизациските вредности.
Б. Јордановска