• Latest

Зелените иновации во стручното образование предуслов за регионален развој

September 5, 2022
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Зелените иновации во стручното образование предуслов за регионален развој

September 5, 2022 12:46
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Потенцијалите и компетенциите кои постојат за развој на зелени иновации во Скопскиот Регион, образовните капацитети и улогата на Центарот за извонредност во стручно образование и обука за зелени иновации во поттикнување на економскиот развој беа тема на денешната регионална работилница, пренесува МИА.

Центарот е формиран во јануари годинава и се наоѓа на Машинскиот факултет-Скопје. Тој е меѓу четирите во Европа во рамките на  проектот „Гриновет“ (Greenovet) кофинансиран од Европската Унија во износ од 4,5 милиони евра. Во него се вклучени 18 партнери од Северна Македонија, Португалија , Финска и Австрија. Како и кај нас, и во овие три европски  земји партнери се основани вакви регионални центри.

Координаторот на Центарот, д-р Трајче Велковски од Машинскиот факултет, изјави дека четирите центри  се први од овој тип кои поддржуваат зелени иновации во средно стручно образование и обуки и тие ќе функционираат како едно, ќе бидат поврзани во мрежа во која ќе ги разменуваат знаењата и искуствата и ќе работат на развојот на зелените иновации.

-Центарот е единствен во земјава, но и во регионот и тоа за нас е чест и задоволство што ги следиме трендовите на ЕУ, особено последните развојни трендови за зелена економија и зелена транзиција. Центарот е прилично нов и во моментов се работи на градење на капацитетите на луѓето што ќе работат во него. Центарот има единствена цел – да им помага на младите да развиваат зелени бизниси и да ги развиваат своите идеи во средина во која малку повеќе ќе се грижат за животната средина и ќе развиваат иновативни идеи со коишто ќе се намали и оптимизира искористувањето на ресурсите на животната средина, рече Велковски.

Ова е иницијален проект во развојот на зелени иновации, додаде тој, и допрва се очекуваат многу повеќе финансии, и од ЕУ, а се надева и од национални фондови кои ќе го потпомогнат реализирањето на зелените идеи.

Посочи дека во однос на компетенциите кои се детектирани при истражувањето во првиот работен пакет од проектот „Гриновет“, нашата земја не заостанува во однос на останатите земји во проектот – Португалија, Финска и Австрија и тоа, како што рече, значи дека компетенциите кои се најзначајни за развој на зелени иновации во Северна Македонија се во насока и на новите Greencom, односно зелените компетенции, кои неодамна ги објави ЕУ.  Дел од нив се поистоветуваат и со дигиталните компетенции и со компетенциите за развој на претприемачки вештини.

Мила Велковска од Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење изјави  дека се лидер на првиот работен пакет во проектот „Гриновет“ кој се занимава со стратешко истражување што, рече, е еден од клучните чекори за да знаеме како да се развиваат зелените иновации во регионот. Посочи дека клучно во истражувањето  е оти за развој на зелени иновации се потребни два типа вештини – технички и генерички. Генеричките се оние што не се зависни од конкретно работно место и се пренесуваат без разлика на занимањето, како што се креативност, етичко и одржливо размислување, заштита на животната средина и воочување можности.

-Од друга страна, особено се важни техничките вештини кои ние ги дефиниравме според Стратегијата за паметна специјализација која е водилка низ многу европски планови, стратегии и, практично, е иднината на се она што се развива. Во однос на техничките компетенции во Скопскиот Регион се смета дека треба да се работи на управување со отпад и рационално, паметно искористување на енергијата. Тоа се главните заклучоци од нашето истражување, додаде Велковска.

Целта на проектот е да постигне извонредност во стручното образование и обука и затоа  работилницата беше организирана во Автосообраќајниот училиштен центар (АСУЦ) „Боро Петрушевски“ кој е еден од партнерите во проектот. Но целта им е , како што рече, да бидат опфатени сите средни стручни училишта, и не само училиштата туку и сите понудувачи на стручно образование и обука во регионот.

Во проектот „Гриновет“ од нашата земја се вклучени Сојузот на стопански комори, Машинскиот факултет, Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење, „Раде Кончар ТЕП“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“ и уште 13 партнери од Австрија, Португалија и од Финска.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ