• Latest

Зелените вредности и урбанизмот – инвестицијата во зелениот урбанизам предизвик за здраво и хумано живеење

August 25, 2022
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CLRCUT

Германија започнува воена реконструкција – нарачува 600 тенкови „леопард“ и 1.000 оклопни транспортери „боксер“

July 7, 2025
Фото: Скриншот ЦИВИЛ Медиа

(ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Зелените вредности и урбанизмот – инвестицијата во зелениот урбанизам предизвик за здраво и хумано живеење

August 25, 2022 15:12
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

При развој на модерните општества и цивилизации, и во тој контекст со човечката самореализација, преку доминација и искористување на природата, извесен период, особено во 60-те години, се појавила потреба да се препознаат првите еколошки кризи, односно да се препознае фактот дека треба да се работи на јакнење на еколошката свест. Во таа насока преку еден холистички пристап, во тој процес на мислење и акција се јавила и потребата за втемелување и промовирање на нешто што е наречено зелени вредности, каде освен зелените политики влегуваат слободата, демократијата, владеењето на правото, антидискриминација, социолошката правда, трансформацијата на општеството која ќе биде во корист на сите, економската и социјалната благосостојба, како и негување на разновидноста на природниот свет.

 

За зелените вредности на панел дискусијата на Зелен ЦИВИЛ на тема „Зелени вредности, трансформација на општеството во корист на сите“, зборуваа  Ива Петрунова магистер, инженер архитект, урбан социолог, доктор на општествени науки, Тони Поповски, архитект, политиколог, независен консултант, колумнист и Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ-Центар за слобода.

Според Ива Петрунова, зелените вредности се нераскинлив дел од секој човек и затоа е потребно за здравјето на луѓето да има доволна застапеност на природата.

„Во нашето општество природата не е доволно застапена. Според нашите закони 25 метри квадратни по глава на жител треба да има зеленило, а зеленилото не е многу застапено“, смета Петрунова.

„Зелените вредности се апсолвирани, вклучувајчи и во Македонија, рефлектирани во Уставот, и во Законот за животната средина… Тие се општо прифатливи, до еден момент до кој се додека не стане збор за инвестиции. Тешко ги имплементираме во нашето општество… Има тренд на соодветно адресирање на овие предизвици, но само на хартија. Не сум најзадоволен како ги практикуваме зелените вредности во нашето општество“, изјави Тони Поповски.

„Пред три децении не можам да кажам дека имаме добра ситуација. Зелените вредности немаат доволно пристојни разбирање. Тие не се познаваат, ниту прифаќаат од индивидуи кои се повикани тоа да го направат, оние кои ги креираат политиките и практиките во земјата. Разочарувачко ниво… И на глобално ниво зелената агенда е под тешка закана, војната во Украина ги попречи плановите, има драматично поместување на трендовите“, се дел од заклучоците на претседатело на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.

Учесниците збооруваа и за урбаното живеење и култура во конткест на зелените вредности, однсоно зелениот урбанизам.

„Не може генерално да се каже дали има или нема урбана култура.. Зелените вредности се потценети,  а зеленилото не е само екологија, туку има покомплексни вредности и недостигот на зеленило влијае врз модерните болести, депресија, анксиозност…“, заклучува Петрунова.

„Зелениот урбанизам е специфичен предизвик… Општините нема да можат да се справат ефикасно ако не се создаде соодветна регулатива за преземање соодветни мерки, а тоа се однесува на урбанистичките планови. Треба да се унапредуваат урбанистичките стандарди, да се оплеменува просторот да биде хуман и здрав за живеење… Неопходни се компетентни луѓе, да се размисли кому даваме поддршка и да се побара одговорност од субјекти, политички партии, граѓански организации, да се инсистира на компетентност“, вели Поповски.

„Скопје и земјата минаа низ еден урбанистички масакр во изминатите деценија и пол и повече. Сериозен удар што подразбира урбанизам во една земја. Го живееме политичкиот атак врз урнабистичкиот живот што се доживеа во времето на Груевски. Остава трага врз изгледот на градот и општественото ткиво… Зеленета агенда е скапа играчка и бара релевантни, стручни и посветени луѓе да инвестираат во неа, во духот на европската. Секоја инвестиција во зелена агенда и урбанизмот се враќа, но зелените вредности и владеењето на правото се многу важни и ќе донесат многу повеќе профит за сите. Политичарите со малку повеќе труд, чесност, посветенот, со ангажираност на млади луѓе и транспарентност да профирираат многу повеќе, отколку да си занимаваат со корупција и криминал“, смета Дерала.

Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети


Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ