Еврокомесарот Јоханес Хан денеска соопшти дека Европската комисија му препорача на Советот на министри да отпочне пристапни преговори со Албанија и со Северна Македонија.
„Северна Македонија не само што продолжи со нејзината амбициозна реформска агенда, туку и постигна историски договор со Грција, решавајќи го долгогодишниот спор околу името. Ова заедно со билатералниот договор со Бугарија е пример како да се зајакнат добрососедските односи за целиот регион. Ова е светол пример за другите земји“, изјави Хан.












