• Latest

Зеленски: Ќе дојде време кога секој Русин ќе дознае кој од нивните сограѓани убивал, кој давал наредби, кој замижувал пред убиствата

April 5, 2022

24 ЧАСА: Рускиот амбасадор осуетен да ја присвои функцијата „декан на дипломатскиот кор“ во земјава; уапсен убиецот на Чарли Кирк; кандидат за градоначалник на Скопје трча кон Москва

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Велика Британија го отпушти амбасадорот во САД, Питер Манделсон, поради врски со Епштајн

September 12, 2025
фото: скриншот Х

Уапсен осомничениот за убиството на Чарли Кирк

September 12, 2025

Најчесто поставувани прашања поврзани со практични аспекти на изборниот мониторинг на ЦИВИЛ (1)

September 12, 2025

Јаневска и Мицкоски со кратки нозе

September 12, 2025

САД го суспендираат планираниот стратешки дијалог со Косово поради активностите на привремената влада

September 12, 2025

Жестока реторика и меѓусебни обвинувања: Се заоструваат изборните судири меѓу партиите на Албанците во Чаир и Тетово

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Белорусија и Русија започнаа заеднички воени вежби „Запад-2025“, по маневрите во 2021 започна целосна инвазија на Украина 

September 12, 2025

Амет: Ромите не се проблемот на Скопје, туку дел од решението и промените што треба заедно да ги донесеме

September 12, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинителство за Онкологија 2: Васев и Нухи не постапувале во интерес на пациентите, туку во свој личен и интерес на приватни компании

September 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски: Ќе дојде време кога секој Русин ќе дознае кој од нивните сограѓани убивал, кој давал наредби, кој замижувал пред убиствата

April 5, 2022 09:01
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Ќе дојде време кога секој Русин ќе ја дознае целата вистина за тоа кој од нивните сограѓани убивал. Кој давал наредби. Кој замижуваше пред убиствата. Сето ова ќе го утврдиме. И ќе го направиме глобално познато. Сега е 2022 година. А ние имаме многу повеќе алатки од оние кои беа гонети од нацистите по Втората светска војна, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видео обраќање.

Украина мора да го добие сето потребно оружје што е можно поскоро да ги истера руските окупатори и да ги ослободи украинските градови,
изјави Зеленски во видео обраќањето.

„Уште еднаш нагласувам: Украина мора да го добие сето потребно оружје за да ги избрка окупаторите од нашата земја што е можно поскоро, за да ги ослободи нашите градови. И ако веќе го имавме она што ни треба – сите овие авиони, тенкови, артилерија, противракетно и противбродско оружје, ќе можевме да спасиме илјадници луѓе“, рече Зеленски.

Според претседателот на Украина, тој не ги обвинува светските лидери. Тој ја обвинува само руската војска.

„Но, можеше да помогнеш. Ќе продолжам да го кажувам ова пред сите оние од кои зависи одлуката за оружје за Украина“, нагласи Зеленски.

Во продолжение целосното обраќање на Претседателот на Украина Володимир Зеленски:

 Украинци! Украинки!Сите наши бранители и бранителки! Денес беше навистина тежок ден. Емотивен, го започна Зеленски своето обраќање.

Ги посетив нашите градови во Кијивската област, кои ги ослободивме од окупаторите. Стојанка, Ирпин, Буча.

Се разбира, сега оваа област не изгледа онака како вчера. Телата на убиените луѓе, убиените Украинци се веќе отстранети од повеќето улици. Но, во дворовите, во куќите сè уште има убиени луѓе.

Градовите се едноставно скршени. Запалена воена техника на патиштата, искршени и пукани автомобили. Особено е тешко да се гледа на трагите од куршумите на автомобилите со натпис „Деца“.

Штотуку започнавме истрага за сето она што го направија окупаторите. Во моментов, само во Буча се убиени и мачени повеќе од триста луѓе. Многу е веројатно дека списокот на жртви ќе биде многу поголем кога ќе се провери целиот град. И ова е само еден град.

Една од многуте украински заедници што руската војска успеа да ја заземе.

Веќе има информации дека во Бородјанка и некои други ослободени градови бројот на жртвите на окупаторите може да биде уште поголем. Во многу села од ослободените Кијивска, Чернигивска и Сумската област, окупаторите правеле работи што мештаните не ги виделе ниту за време на нацистичката окупација пред 80 години. Безусловно, за ова ќе одговараат окупаторите.

Веќе правиме се што е можно за што поскоро да ги идентификуваме сите вклучени руски војници во овие злосторства. Се, за да бидат казнети. Ова ќе биде заедничка работа на нашата држава со Европската Унија и меѓународните институции, особено со Меѓународниот кривичен суд.

За ова денес разговарав со Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. А исто така и со Канцеларот на Австрија Негамер. Договорено е тој во блиска иднина да ја посети Украина.

Разговарав и за истрагата за воените злосторства на руските војници со Претседателот на Полска Дуда. Исто така разговаравме и за нови санкции против Русија, хуманитарна и одбранбена соработка со Полска.

Сите злосторства на окупаторите се евидентирани. Обезбедена е потребната процедурална основа за изведување на виновните руски војници пред лицето на правдата за секое злосторство што го направијат. Сакам да истакнам дека сме заинтересирани за најкомплетна, најтранспарентна истрага, чии резултати ќе бидат познати и објаснети на целата меѓународна заедница. Им обезбедуваме максимален пристап на новинарите во Буча и другите ослободени градови во Украина. Стотици новинари од целиот свет. И ние сме заинтересирани да имаме илјадници новинари таму. Колку што е можно повеќе! За светот да види што направи Русија.

Сигурен сум дека знаете за новата стара тактика на руските пропагандисти, кои постојано се обидуваат да ги отфрлат обвинувањата против руската војска.

Зошто новото старо? Сè е едноставно. Затоа што ја користеа истата тактика кога окупаторите соборија малезиски Боинг над Донбас. Ја обвинија Украина. Дури излегоа со разни конспиративни објаснувања. Дури отидоа дотаму што тврдеа дека наводно труповите биле „фрлени“ во авионот пред да се урне.

Сега тие го прават истото. Тие исто така лажат. Се обидуваат да ги искриват фактите. Но, како и тогаш, нема да успеат. Нема да можат да го измамат целиот свет.

Ќе дојде време кога секој Русин ќе ја дознае целата вистина за тоа кој ги убил нивните сограѓани. Кој наредувал. Кој замижуваше очи пред убиствата. Сето ова ќе го утврдиме. И ќе го направиме глобално познато.

Сега е 2022 година. И имаме многу повеќе алатки од оние кои ги гонеа нацистите по Втората светска војна.

Мора да бидеме свесни и дека по објавувањето на масовните убиства на цивили во Кијивската област, окупаторите може да имаат поинаков став за нивните злосторства во друг дел од нашата земја, каде што отишле. Тие веќе започнуваат лажна кампања за да ја сокријат својата вина за масовните убиства на цивили во Мариупол. Ќе направат десетици сценски интервјуа, ќе монтираат снимки и ќе убиваат луѓе специјално за да изгледаат како да се убиени од некој друг.

Веројатно сега окупаторите ќе се обидат да ги сокријат трагите од нивните злосторства. Ова не го направија во Буча кога се повлекоа. Но, во друга област тоа е можно.

Сакам веднаш да кажам: секој нормален човек во светот разбира кој донесе војна и масовни смртни случаи на украинска почва. Има многу докази дека руските војници се тие кои ги уништуваат мирните градови. Киднапираат, мачат и убиваат мирни луѓе.

Затоа, руските пропагандисти и нивните водачи сега можат да направат само една работа: да работат на пресуда за иден трибунал сличен на оној на Јулиус Штрајхер, еден од идеолозите на нацизмот и главен уредник на „Der Sturmer“. Тој беше погубен поради антисемитска пропаганда и повици за геноцид.

Во денешно време веќе не погубуваат. Но, сите скабееви, вечерни демагози, фронтовските лажговци и нивните раководители во Москва треба да запомнат: крајот на вашиот живот ќе биде зад решетки. Во најдобар случај.

Би сакал да ја забележам и реакцијата на лидерите на демократскиот свет на она што го видоа во Буча. Санкциониот одговор кон Русија на масакрот на цивилите конечно мора да биде силен. Но, дали навистина беше потребно да се чека ова за да се отфрлат сомнежите и неодлучноста? Дали навистина стотина наши луѓе мораа да загинат во агонија за некои европски лидери конечно да сфатат дека руската држава заслужува најстрог притисок?

Ова го крши срцето на секој Украинец. Тоа ми го мене крши срцето. Затоа што дури сега слушаме од сите светски лидери изјави кои требаше да се дадат одамна, кога веќе се беше сосема јасно.

Уште еднаш нагласувам: Украина мора да го добие сето потребно оружје за што поскоро да ги протера окупаторите од нашата земја, да ги ослободи нашите градови. И ако веќе го добивме она што ни требаше – сите овие авиони, тенкови, артилерија, противракетно и противбродско оружје, би можеле да спасиме илјадници луѓе. Не ве обвинувам вас – ја обвинувам само руската војска. Но, вие би можеле да помогнете.

Ќе продолжам да го кажувам ова во очите на сите од кои зависи одлуката за оружје за Украина.

Веќе почнавме да ја подготвуваме целата потребна работа за да го вратиме нормалниот живот во ослободените подрачја. Се врши деминирање на територијата. Нашите инженери за деминирање секојдневно неутрализираат илјадници експлозивни направи! Во блиска иднина ќе го вратиме снабдувањето со електрична енергија, ќе го вратиме водоснабдувањето на целата оваа територија на нашата држава. Ќе обезбедиме медицинска нега, нормален пристап до производи – толку, колку што е тоа можно во сегашните услови.

Се разбира, ќе ги обновиме уништените и оштетени живеалишта. Ќе ги обновиме патиштата, мостовите, инфраструктурата. Животот повторно ќе дојде во секој град, во секоја заедница што окупаторите се обидоа да ја уништат.

Оваа недела продолжувам да се обраќам пред парламентите на народите во светот. Денес беше Романија. Му се заблагодарив на романскиот народ за топлиот однос кон нашите мигранти. Вистина е. Повикав на поголеми санкции против Русија. Исто така реков дека лидерството на Романија е неопходно за обезбедување безбедност во регионот на Црното Море и за враќање на правдата во Европа како целина.

Утре ќе се обратам пред шпанскиот парламент. И во Советот за безбедност на ОН.

Денес изразив сочувство до Претседателот на Република Литванија и до целиот литвански народ во врска со бруталното убиство на светски познатиот документарен режисер Мантас Кведаравичиус од страна на руските окупатори во Мариупол. Во 2016 година тој сними филм за нашиот мирен Мариупол, кој малку пред тоа се најде во првите редови на војната во Донбас. И сега таму му беше одземен животот. Вечен спомен!

Продолжуваме да се подготвуваме за уште побрутална активност на окупаторите во источниот и јужниот правец. Знаеме што ќе прават во Донбас. Знаеме што ќе прават во близина на Харкив, во некои други делови од земјата. Русија таму концентрира значителна количина на војска и опрема. И оваа активност докажува дека санкциите против Русија не се доволни. Ќе има повеќе.

Ако руското раководство навистина не поќне да бара мир, навистина да преговара за мир, тие ќе ја доведат својата земја во најлоша состојба во последните 50 години. Таканаречените бурни 90-ти ќе изгледаат полни и мирни.

И традиционално, пред да го снимам ова обраќање, потпишав указ за доделување награди на нашите украински херои. На 152 војници на Вооружените Сили на Украина им беа доделени државни награди, од кои тројца постхумно.

Вечна слава на сите наши херои! Вечен спомен на секој и секоја што загина за нашата држава! Слава на Украина! порача Зеленски на крајот од своето обраќање.

Д.Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ