По десет недели од војнта на Руската Федерација против Украина, нашата средба на Меѓународната донаторска конференција на високо ниво за поддршка на Украина, докажува дека Украина, Европа и целиот слободен свет се на пат кон заедничка победа, истакнува украинскиот претседател Володимир Зеленски во порака на Телеграм.
Нашата држава ја задржува целосната функционалност. Нашиот континент е обединет. Милиони и милиони луѓе ширум светот нè поддржуваат да се ослободиме од тиранијата, вели Зеленски.