Непријателот може да ги уништи ѕидовите, но не може да ги уништи темелите на кои стои моралот на војниците и на целата земја, напиша претседателот Володимир Зеленски на Телеграм и објави фотографии кои ги прикажуваат последиците од руското гранатирање.
„Можете да ги уништите ѕидовите, но не можете да ги уништите темелите на кои стои моралот. Моралот на нашите воини. Моралот на целата земја“, напиша тој.
Шефот на државата објави и фотографии кои ги прикажуваат последиците од руското гранатирање на инфраструктурата во Украина. Автори на фотографиите се Стас Јурченко, Вадим Гирда, Серхи Михалчук, Спирос Хаунд, Зохра Бенсемра, Каору Нг.
Подготви: Д.Мишев