Поради руската целосна инвазија, сите гранки на украинската индустрија претрпеа загуби, а светот страда од недостиг на украински производи, напиша ова на Фејсбук украинскиот претседател Володимир Зеленски и сподели видео од UNITED24, во кое опишува како светот зависи од украинските индустриски производи.
„Поради руската инвазија, сите гранки на украинската индустрија претрпеа загуби. За ова страда светот. Недостигот од неонски микрочипови, недостатокот на украински автомобилски делови, недостигот на производи на Азовстал се само почеток на мноштвото проблеми за глобалната индустрија“, напиша Зеленски.
На 24 февруари, Русија започна нова фаза од осумгодишната војна против Украина – целосна офанзива. Непријателот масовно ги гранатира и бомбардира украинските градови и села. Украинските вооружени сили, силите за територијална одбрана и целиот украински народ ефикасно се спротивставуваат на руските трупи и им нанесуваат големи загуби.
Подготви: Д.Мишев